Вести
News and press releases
Вести и соопштенија за јавноста од глобалните активности на ОБСЕ
Регионалната конференција „Унапредување на родовата еднаквост во парламентите“ се одржува во Скопје со поддршка на Мисијата на ОБСЕ
Publishing date: 23 јуни 2023
Не се работи само за бројки во однос на родовата еднаквост во собранието. Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килиан Вал, и претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја отворија регионалната конференција „Унапредување на родовата еднаквост во парламентите“ со која се одбележа 20-годишнината на Клубот на пратенички. На конференцијата присуствуваат претставници на Собранија и на теренските операции на ОБСЕ од Југоисточна Европа заедно со претставници на меѓународни организации, невладини организации и независни експерти. Во своето обраќање, амбасадорот Вал ја истакна потребата за вклучување на мажите-пратеници во родовата перспектива и за тоа дека напорите за унапредување на родовата еднаквост треба да се протегаат вон бројките за проценти. „Знаеме од истражувања и студии дека земјите со повисока родова еднаквост се поуспешни. Попросперитетни. Поиновативни. Побезбедни. Државите со повисока родова еднаквост уживаат повисок животен стандард и обезбедуваат подобра иднина за нивните деца. За тоа се работи. ‘За луѓето се работи’, како што знаете тоа е мотото на претседателството на Северна Македонија“, рече амбасадорот Вал. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, изјави: „Потребно е понатамошно промовирање на различностите во работата и законите кои ги носи Собранието. Од исклучително значење е зголемувањето на поддршката на колегите пратеници за прашањата за родот и различностите. Притоа, не мислам само на бројчано зголемување, мислам на квалитативен придонес и конкретна заложба за да имаме вистински модерен и родово сензитивен парламент според дефиницијата на Интерпарламентарна унија.“ „Родовата еднаквост е битен параметар за севкупната демократичност на одредено општество и неговите перформанси во заштитата и промовирање на човековите права во целина. Сето тоа подразбира пред сѐ свест за потребата од поголема вклученост и учество на жената во сите процеси и во секој општествен домен, што резултира со нејзина поголема застапеност во секој сегмент“, рече во своето обраќање заменик-министерката за надворешни работи Фатмире Исаки. Теренските операции на ОБСЕ во регионот традиционално го поддржуваат организирањето регионални конференции на пратенички. Партнерството помеѓу Мисијата и Собранието на Северна Македонија, посебно Клубот на пратенички, резултираше со разни успешни иницијативи во изминатиот период, вклучително и усвојувањето на повеќегодишните Родови акциски планови на Собранието.
Мисијата на ОБСЕ во Скопје ја промовираше основната студија Родот и различностите во правосудството
Publishing date: 18 ноември 2022
Content type: News
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Родова еднаквост, Владеење на правото
За да помогне во решавањето на прашањата за родовата нееднаквост во правосудниот систем, Мисијата на ОБСЕ во Скопје неодамна ја објави основната студија Родот и различностите во правосудството. „Само транспарентно и инклузивно правосудство може да ја ужива довербата и поддршката од граѓаните, што ќе му овозможи целосно да ја извршува својата функција на заштита на правдата и на човековите права. Правосудниот систем треба да ги одрази потребите на заедницата на која и служи, вклучително и на жените, малцинствата и лицата со попреченост,“ рече заменик-шефот на Мисијата, Џефри Голдстејн на денешната промоција на студијата. „Учеството и еднаквата застапеност на жените во правосудството го зголемува квалитетот на работата на судството, образложението на судските одлуки, заштитата на човековите права на жените и подобри резултатите на правосудниот сектор за сите.“ Во своето обраќање на настанот, претседателката на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Павлина Црвенковска, рече: „Судскиот совет се стреми да ја промовира родовата еднаквост при новите вработувања во судството, со посебен фокус на етничките заедници. Истовремено, мора да гарантираме и остварување на човековите права за сите граѓани, кои се дел од судските постапки со цел да се отстранат дискриминаторските практики.“ Мисијата долго време работи на полето на родовата еднаквост, недискримацијата и реформи во правосудството. Таа придонесува во поставувањето на законската и институционалната инфраструктура на Северна Македонија во оваа област и ѝ помага на владата да го подготви Законот за еднакви можности на жените и мажите.
Мисијата на ОБСЕ во Скопје промовира истражување за факторите на стрес кои влијаат врз полициските службенички на работа
Publishing date: 8 март 2022
Content type: News
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Родова еднаквост, Полициско работење
Денеска, на Меѓународниот ден на жената, заедно со Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија и алумни од менторската програма за жени во полиција поддржана од ОБСЕ, Мисијата на ОБСЕ во Скопје организираше дискусија за препознавање и надминување на симптомите на стрес кај жените во полицијата. Истражувањата покажуваат дека полициски службенички се соочуваат со уште поголем стрес од нивните машки колеги поради негативните јавни коментари од граѓаните, постојаната потреба да се докажуваат на работа и потребата да балансираат меѓу обврските како службенички, сопруги и мајки. Помагањето на службеничките да се справат со стресот поврзан со работата е од суштинско значење за да останат во професијата. „Заедно со Министерството за внатрешни работи, ние во Мисијата на ОБСЕ во Скопје работиме да ги поддржиме жените во полиција, да се погрижиме да напредуваат во нивните чинови, да останат во професијата и да придонесуваат за јавниот ред и безбедност. Верувам дека практиките за фер регрутирање, образовните понуди, вклучително и за тоа како да се справиме со стресот, солидните работни услови и дигитализацијата ќе помогнат да се активираат промените, да се привлечат и задржат повеќе жени во полицијата во која доминираат мажи“, рече Шефот на нашата Мисија, амбасадорот Клеменс Која, за време на дебатата. „Општеството оди напред само со еманципирани, економски силни и независни жени и девојки и ние ветуваме дека ќе продолжиме да работиме во оваа насока. Само така, преку заеднички напори и учество во соодветните процеси, ќе го зајакнеме општеството еднакво за сите“, додаде Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи на Северна Македонија. „Ние како прогресивна држава која се стреми кон родова еднаквост континуирано работиме на привлекување повеќе жени во полициската професија. За да постигнеме резултати, продолжуваме да ги елиминираме бариерите што ги спречуваат жените да се приклучат на агенциите за спроведување на законот. Резултатите се веќе видливи, а работата во оваа насока останува еден од врвните приоритети за нас“, заклучи Магдалена Несторовска, државна секретарка во Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија.
Мисијата на ОБСЕ во Скопје и нејзините партнери повикуваат на проактивен пристап за превенција од семејното насилство
Publishing date: 6 април 2020
Content type: Соопштенија за јавноста
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Човекови права, Родова еднаквост, Владеење на правото
Скопје, 6 април 2020 – Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Министерството за труд и социјална политика на Северна Македонија и Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство ги повикуваат релевантните актери да вложат дополнителни напори за превенција од семејното насилство за време на ковид-19 кризата и да применат ефективни механизми за заштита на жртвите.
Крај за молкот: Кампања на ОБСЕ во рамките на 16 денови активизам против родово базирано насилство 2019
Publishing date: 25 ноември 2019
Content type: News
Where we are: OSCE Secretariat, Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Родова еднаквост
СКОПЈЕ, 25 ноември 2019 – Како придонес кон годинешните „16 Денови активизам против родово базираното насилство“, Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) започнува со нова кампања насловена „Крај за молкот“. Кампањата цели кон подигнување на свеста за насилството кон жените, со фокус на правата на жените. Темата „Крај за молкот“ ја потенцира една од главните пречки во борбата против насилството врз жените, а тоа е дека многу жени сметаат дека домашното насилство е лична работа и многу малку жени жртви на насилство зборуваат за истото. Уште помалку, насилството го пријавуваат во институциите.
ОБСЕ ги презентира наодите од истражувањето за благосостојбата и безбедноста на жените во Северна Македонија
Publishing date: 15 мај 2019
Content type: News
Where we are: OSCE Secretariat, Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Родова еднаквост
Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Одделот за родова рамноправност на ОБСЕ на 15 мај 2019 година во Скопје презентираа истражување што покажува дека насилството врз жените во Северна Македонија честопати е недоволно пријавено и дека некои форми на физичко и сексуално насилство се широко распространети во земјата...
Мисијата на ОБСЕ во Скопје организира состанок за деловно поврзување во врска со половото интегрирање во рамките на органите за спроведување на законот
Publishing date: 9 декември 2015
Content type: Соопштенија за јавноста
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Родова еднаквост
СКОПЈЕ, 9 декември 2015 – Промовирање на половата еднаквост и унапредување на правата на жените во полициската служба е целта на денешниот состанок на ОБСЕ за деловно поврзување, што се одржува во Скопје, на кој ќе учествуваат 35 претставници од Министерството за внатрешни работи, националниот Полициски синдикат и Здружението на жените во Косовската полиција...