Publications
Прирачник за промовирање на принципите на демократско управување во советите на единиците на локална самоуправа
Publishing date: 4 март 2019
Content type: Водич / Прирачник
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Демократизација, Добро владеење
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Прирачникот е наменет за промоција и имплементација на принципите на демократско управување во рамките на општинските совети во Северна Македонија. Тој е наменет да промовира концепти на инклузивност, ефикасност, транспарентност и отвореност во работењето на советите на општините.
Подобрување на квалитетот на јавниот сектор преку заедничката рамка за проценка (ЦАФ)
Publishing date: 26 февруари 2018
Content type: Водич / Прирачник
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Добро владеење
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Целта на публикацијата е да ја објасни примената на Заедничката рамка за проценка (ЦАФ) како европски инструмент за управување со квалитетот за јавниот сектор во земјата. Публикацијата нуди практични информации за структурата на моделот ЦАФ, придобивките од неговата примена и процесот на спроведување. Илјадници организации во многу земји го применуваат ЦАФ моделот и се докажа дека тој дава резултати, придонесувајќи за модерна, ефикасна и професионална јавна администрација.
Младинска стратегија на општина Кичево 2017-2022
Publishing date: 24 јануари 2018
Content type: Водич / Прирачник
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Демократизација, Образование , Добро владеење , Млади
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Првата Младинска стратегија на општина Кичево 2017-2022 беше развиена од Младинскиот совет на Кичево со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Стратегијата, која беше едногласно усвоена од страна на Кичевскиот општински совет на 23 ноември 2016 година, е документ за застапување кој има цел да ја утврди стратешката определба на општина Кичево и Младинскиот совет за промоција на младинските прашања.
Промовирање на соработката преку добро владеење во спроведувањето на антикорупциската политика. Истражувања и анализи
Publishing date: 1 декември 2014
Content type: Книга
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Добро владеење
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Оваа публикација е дел од проектните активности во рамки на соработката на Државната комисија за спречување на корупцијата и Мисијата на ОБСЕ во Скопје во 2013 и 2014 година. Во неа се објавени вкупно пет квалитативни анализи според методологијата Национален систем на интегритет на Транспаренси Интернешнл и три истражувања на јавното мислење спроведени од агенцијата Рејтинг за перцепцијата на граѓаните за постоење на корупција во избрани сектори од Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и на судирот на интереси 2011-2015.
Аналитички извештај за процесот на децентрализација
Publishing date: 1 септември 2014
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Демократизација, Добро владеење
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Аналитичкиот извештај за имплементација на процесот на децентрализација е резултат на теренски истражувања и истражувања на секундарни податоци кои беа спроведени од страна на Одделот за демократско владеење при Мисијата на ОБСЕ во Скопје во периодот јули 2012 и јули 2013 година. Своите резултати ги базира на теренско истражување со анкетен прашалник спроведено во одбрани општини, истражување на секундарни податоци базирано на пишани материјали набавени од централни институции, како и анализа на соодветни законски прописи. Целта на извештајот е да се даде оценка за напредокот во имплементација на процесот на децентрализација во специфични реформски области поврзани со Охридскиот рамковен договор.
Промовирање на транспарентноста и отчетноста во јавните институции
Publishing date: 3 декември 2012
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Демократизација, Добро владеење
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Оваа публикација е финален продукт на проектот „Промовирање на транспарентноста и отчетноста во јавните институции“, што е дел од повеќегодишниот план на Мисијата на ОБСЕ за поддршка на имплементацијата на Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и судирот на интереси 2011-2015. Проектот имаше за цел да ги зајакне капацитетите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и подигање на свеста на граѓанското општество и граѓаните за активностите и предизвиците на полето на превенција на корупција во земјата.