Publications
Користење на actio popularis во случаи на дискриминација
Publishing date: 30 август 2017
Content type: Книга
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Човекови права, Владеење на правото, Толеранција и недискриминација
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Оваа публикација дава осврт и на домашното и на европското законодавство во делот на дозволеноста и употребата на actio popularis механизмот, практиката на Европскиот суд за човекови права и Судот на правдата на Европската унија, како и практиката на земјите од регионот. Публикацијата исто така овозможува увид и во конкретна методологија за користење на actio popularis, заради обезбедување на соодветна насока за тоа во кои случаи и како треба да се користи овој механизам од страна на здруженијата на граѓани.
Публикација: Слобода на изразување и говор на омраза
Publishing date: 1 декември 2013
Content type: Книга
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Човекови права
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Брошурата е резултат на поддршката која Мисијата на ОБСЕ во Скопје ја даде на Институтот за новинарство, медиуми и комуникации во рамките на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Пред се, таа е намената за новинари, студенти по новинарство, медиуми и нивни уредници како и општата јавност кои ја третираат проблематиката на слободата на изразување, говорот на омраза, клеветата и навредата како и правната рамка во државата.
Народен правобранител како Национален превентивен механизам
Publishing date: 8 февруари 2012
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Публикацијата содржи компилација на правни норми кои ја регулираат улогата на Народниот правобранител како Национален превентивен механизам.