Ресурси
Примена на мерката притвор според законот за кривична постапка од 2010 година. Правна анализа
Анализата за практичната примена на мерката притвор и теоретската правна рамка
предвидена во Законот за кривичната постапка1 од 2010 година (во понатамошниот
текст ЗКП од 2010 година), кој востанови концепциски реформи во домашното
кривично процесно право воведувајќи елементи карактеристични за акузаторните
системи, е резултат на заедничка соработка помеѓу македонското Здружение за
кривично право и криминологија и Секторот за владеење на правото при Мисијата
на ОБСЕ во Скопје.
Податоците дадени во Анализата се однесуваат на периодот од првите девет месеци
од примената на ЗКП од 2010 година, односно од 1 декември 2013 година до 31 август
2014 година во четири основни судови (Битола, Гостивар, Скопје и Штип).
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.