Ресурси
Тој вели Не за насилството!
14 април 2014
Видеозаписот го илустрира животот на еден млад човек кога ќе се соочи со две реалности.
Во првата сцена ученик, кој се занимава со спорт на крајот добива награда за своите остварувања.
Втората сцена го отсликува животот на младиот човек кој одбрал друга насока во животот и се вклучил во негативни активности, за на крај да заврши трагично.
Видеото има за цел да промовира позитивни вредности кај младите преку испраќање на силна порака да стојат подалеку од насилството, а наместо тоа да се обидат да изградат подобра иднина, за нив самите и за општеството како целина.