Publications
Пресуди во врска со дискриминација од судската пракса на Европскиот суд за човекови права и Судот на правдата на Европската унија
Publishing date: 3 ноември 2015
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Оваа публикација е втора публикација која содржи избрани случаи од праксата на двата суда и претставува природна еволуција во процесот на зајакнување на капацитетите на македонските судии. Имајќи ги предвид 13-те случаи кои беа детално разработени во првата публикација од 2013 година, ефектот кој истата го имаше кај судиите, адвокатите, студентите и другите правни практичари, како и нејзината огромна применливост во пракса, оваа публикација има за цел да го надогради веќе стекнатото знаење и уште повеќе да ја унапреди забраната и заштитата од дискриминација во пракса.
Анализа на политиката на казнување за организиран криминал и корупција
Publishing date: 2 ноември 2015
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Оваа анализа дава преглед на работата на специјализираното одделение на Основниот суд Скопје 1- Скопје кое се занимава со организиран криминал и корупција на целата територија на државата. Анализата се фокусира на работата на специјализираното одделение од 2007 година до почетокот на 2014 година и се стреми да ја евалуира работата на ова специјализирано одделение во поглед на видот на предмети по кои постапува и видот и распределбата на санкциите по овие предмети.
Прирачник за компјутерски криминал
Publishing date: 15 јануари 2014
Content type: Книга
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Фокусот на овој Прирачник е насочен кон повеќе аспекти, а пред сè на феноменологијата на елекронската комуникација и замената на конвенционалниот систем на проследување на податоците со нов, кој на побрз и поефикасен начин овозможува трансфер на голема количина на податоци на големо растојание. Овој Прирачник нема интенција да даде инструкции за постапување чекор по чекор, туку идејата е да се понуди една корисна алатка- водич кој ќе содржи поими кои ќе ја олеснат идентификацијата на средствата со кои се извршува овој вид на криминал, видот на докази кои треба да се обезбедат како и правилниот начин на нивно обезбедување, со што ќе се олесни процесот на докажување. Прирачникот е првенствено наменет за обвинителите, но може да го користат и судиите по кривично право и адвокатите.
Примена на мерката притвор според законот за кривична постапка од 2010 година. Правна анализа
Publishing date: 15 април 2015
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Анализата за практичната примена на мерката притвор и теоретската правна рамка предвидена во Законот за кривичната постапка1 од 2010 година (во понатамошниот текст ЗКП од 2010 година), кој востанови концепциски реформи во домашното кривично процесно право воведувајќи елементи карактеристични за акузаторните системи, е резултат на заедничка соработка помеѓу македонското Здружение за кривично право и криминологија и Секторот за владеење на правото при Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Податоците дадени во Анализата се однесуваат на периодот од првите девет месеци од примената на ЗКП од 2010 година, односно од 1 декември 2013 година до 31 август 2014 година во четири основни судови (Битола, Гостивар, Скопје и Штип).
Промовирање на соработката преку добро владеење во спроведувањето на антикорупциската политика. Истражувања и анализи
Publishing date: 1 декември 2014
Content type: Книга
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Добро владеење
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Оваа публикација е дел од проектните активности во рамки на соработката на Државната комисија за спречување на корупцијата и Мисијата на ОБСЕ во Скопје во 2013 и 2014 година. Во неа се објавени вкупно пет квалитативни анализи според методологијата Национален систем на интегритет на Транспаренси Интернешнл и три истражувања на јавното мислење спроведени од агенцијата Рејтинг за перцепцијата на граѓаните за постоење на корупција во избрани сектори од Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и на судирот на интереси 2011-2015.
Меѓународни документи за независно и ефикасно судство
Publishing date: 26 септември 2014
Content type: Книга
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Публикацијата содржи избрани правни мислења од различни земји во светот, коментари и извештаи, вклучувајќи ги и мислењата на Советодавниот совет на европските судии, и на судската пракса на Европскиот суд за човекови права.
Аналитички извештај за процесот на децентрализација
Publishing date: 1 септември 2014
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Демократизација, Добро владеење
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Аналитичкиот извештај за имплементација на процесот на децентрализација е резултат на теренски истражувања и истражувања на секундарни податоци кои беа спроведени од страна на Одделот за демократско владеење при Мисијата на ОБСЕ во Скопје во периодот јули 2012 и јули 2013 година. Своите резултати ги базира на теренско истражување со анкетен прашалник спроведено во одбрани општини, истражување на секундарни податоци базирано на пишани материјали набавени од централни институции, како и анализа на соодветни законски прописи. Целта на извештајот е да се даде оценка за напредокот во имплементација на процесот на децентрализација во специфични реформски области поврзани со Охридскиот рамковен договор.
Водич за основи за дискриминација
Publishing date: 25 март 2014
Content type: Водич / Прирачник
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото, Толеранција и недискриминација
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Водичот за основи за дискриминација претставува систематизирано и аналитичко разгледување на основите за дискриминација преку преглед на постојните дефиниции (и нивните составни елементи) дадени во меѓународното и домашното право, меѓународната и домашната практика на судовите и телата, како и во академската и сивата литература.
Прирачник за обука на судии за антидискриминациското законодавство
Publishing date: 25 март 2014
Content type: Водич / Прирачник
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото, Толеранција и недискриминација
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Овој прирачник претставува едноставна алатка која на судиите ќе им даде основни насоки во идентификувањето на дискриминацијата и изрекувањето пресуди.
Публикација: Слобода на изразување и говор на омраза
Publishing date: 1 декември 2013
Content type: Книга
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Човекови права
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Брошурата е резултат на поддршката која Мисијата на ОБСЕ во Скопје ја даде на Институтот за новинарство, медиуми и комуникации во рамките на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Пред се, таа е намената за новинари, студенти по новинарство, медиуми и нивни уредници како и општата јавност кои ја третираат проблематиката на слободата на изразување, говорот на омраза, клеветата и навредата како и правната рамка во државата.