Publications
Младинска стратегија на општина Кичево 2017-2022
Publishing date: 24 јануари 2018
Content type: Водич / Прирачник
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Демократизација, Образование , Добро владеење , Млади
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Првата Младинска стратегија на општина Кичево 2017-2022 беше развиена од Младинскиот совет на Кичево со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Стратегијата, која беше едногласно усвоена од страна на Кичевскиот општински совет на 23 ноември 2016 година, е документ за застапување кој има цел да ја утврди стратешката определба на општина Кичево и Младинскиот совет за промоција на младинските прашања.
Користење на actio popularis во случаи на дискриминација
Publishing date: 30 август 2017
Content type: Книга
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Човекови права, Владеење на правото, Толеранција и недискриминација
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Оваа публикација дава осврт и на домашното и на европското законодавство во делот на дозволеноста и употребата на actio popularis механизмот, практиката на Европскиот суд за човекови права и Судот на правдата на Европската унија, како и практиката на земјите од регионот. Публикацијата исто така овозможува увид и во конкретна методологија за користење на actio popularis, заради обезбедување на соодветна насока за тоа во кои случаи и како треба да се користи овој механизам од страна на здруженијата на граѓани.
Двојба во корист на обвинетиот, виновен надвор од разумно двоумење- Компаративно истражување
Publishing date: 25 септември 2017
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Оваа компаративна студија ги надополнува напорите на Мисијата на ОБСЕ во Скопје за поддршка на транзицијата во практикувањето на новиот модел на адверзариски постапки во земјата, во голема мера заснован на слични законски транзиции во земјите низ Европа. Таа се состои од седум различни истражувања за спроведување на принципот in dubio pro reo и стандардот надвор од разумно двоумење во различни судски системи низ историјата и во денешно време.
Значајни пресуди на Европскиот суд за човекови права со коментар: Говор на омраза и кривични дела од омраза
Publishing date: 30 август 2017
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото, Толеранција и недискриминација
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Оваа публикација е посветена на судската практика на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во однос на кривичните дела од омраза и говорот на омраза. Оваа збирка прави анализа на случаи кога во прашање е говор кој поттикнувал омраза со посебен осврт на судската практика на дел од екстремните форми на говор кои биле проблематизирани пред ЕСЧП. Целта на збирката е преку кратки коментари на најинтересните пресуди и одлуки во врска со говорот на омраза и кривичните дела од омраза, да ги појасни стандардите кои Судот ги поставил пред државите членки на Конвенцијата.
Краток водич за обвинители- "Обезбедување докази во електронска форма од меѓународни и домашни интернет сервис провајдери"
Publishing date: 30 август 2017
Content type: Водич / Прирачник
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Динамичниот развој на технолошките алатки неминовно бараат специфична подготвеност на органите на прогонот, особено на јавните обвинители, во предизвиците кои ги наметнува технолошкиот напредок. Обезбедувањето на компјутерски податоци кои би можеле да претставуваат доказ во одредена кривична постапка не е секогаш едноставно. Сепак, на глобално ниво постојат обиди за воспоставување на заеднички стандарди и за олеснување на размената на информации, по пат на подобрени протоколи, помеѓу органите на прогонот низ светот. Овој краток водич, кој е производ од тесната соработка помеѓу Мисијата и Здружението на јавните обвинители, претставува уште еден придонес во таа насока.
Докази и приговори: Домашни и меѓународни стандарди
Publishing date: 4 мај 2017
Content type: Книга
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Публикацијата за доказите и приговорите е комбинација од домашни и меѓународни најдобри практики. Таа е подготвена со цел да ги запознае искусните адвокати, обучени во континенталното право, со основните начела кои се однесуваат на доказите и доказните приговори. Публикацијата, достапна на македонски и англиски јазик, е проширена и со онлајн видео курс, подготвен од истиот автор, достапен на електронската платформа на регионалните адвокатски комори: www.brrln.org. Оваа публикација е испечатена и дистрибуирана од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, како дел од напорите за унапредување на владеењето на правото и за олеснување на постојаната надоградба на страните во кривичната постапка.
Адвокатска етика
Publishing date: 4 мај 2017
Content type: Книга
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Публикацијата за адвокатска етика содржи домашни, компаративни и меѓународни стандарди. Истата е продлабочена со електронски курс од десет реални сценарија на конкретни етички дилеми од адвокатска перспектива. Курсот е достапен на електронската платформа на регионалните адвокатски комори: www.brrln.org. Публикацијата е достапна на англиски и на македонски јазик.
Антидискриминациско право
Publishing date: 17 февруари 2017
Content type: Книга
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Книгата „Антидискриминациско право“ претставува алатка наменета за студентите на правните факултети и стручната јавност, чија цел е да послужи како водич при идентификување на клучните елементи и карактеристики на антидискриминациското право во рамките на меѓународниот и националниот правен систем, како и да овозможи преглед на институционалната инфраструктура за негова заштита. Стекнувањето на вештини и знаења од страна на идните правни практичари за правото на еднаквост и принципот на недискриминација е воедно во фокусот на оваа публикација.
Истражувачки извештај- Влијание на Стереотипите и Етничката Дистанца за Појава на Дискриминација, Говор на Омраза и Криминал од Омраза
Publishing date: 26 јануари 2017
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: National minority issues
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Овој Истражувачки извештај дава преглед на постојните стереотипи и нивното влијание за воспоставување на интер-етничка дистанца, како и можност за следење на состојбите во доменот на етничката интеракција во државата. Дополнително, извештајот се фокусира и на презентирање на резултатите поврзани со прашањата за дискриминација, говорот на омраза и криминалот од омраза во национален контекст.
Практична примена на спогодувањето за видот и висината на кривичната санкција во првата година од примената на новиот Закон за кривична постапка. Правна анализа
Publishing date: 21 јули 2016
Content type: Книга
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Анализата претставува заеднички придонес на Здружението на јавните обвинители и Секторот за владеење на правото при Мисијата на ОБСЕ во Скопје кон процесот на воспоставување воедначена казнена политика и пракса во нашиот казнено-правен систем. Истата обработува податоци кои се однесуваат на остварените спогодби на четирите апелациони подрачја Битола, Гостивар, Скопје и Штип, во периодот од 1 декември 2013 година до 31 март 2015 година.