Publications
Прирачник за обука на судии за антидискриминациското законодавство
Publishing date: 25 март 2014
Content type: Водич / Прирачник
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото, Толеранција и недискриминација
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Овој прирачник претставува едноставна алатка која на судиите ќе им даде основни насоки во идентификувањето на дискриминацијата и изрекувањето пресуди.
Јавноста во кривичната постапка
Publishing date: 3 јануари 2014
Content type: Водич / Прирачник
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Слобода и развој на медиуми, Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Прирачникот "Јавноста во кривичната постапка", подготвен од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Здружението на јавни обвинители, нуди корисни совети за новинарите како поефикасно да известуваат за судските постапки. Публикацијата дава преглед на сите фази на новата кривична постапка, вклучувајќи ги надлежностите на сите актери во процесот, исклучоците од правото на јавноста да присуствува на судско рочиште, улогата на новинарите за објективно и точно известување од судењата, како и нивната одговорност.
Пресуди во врска со дискриминација од судската пракса на Европскиот суд за човекови права и Судот на правдата на Европската унија
Publishing date: 1 ноември 2013
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Оваа публикација, со одбрани случаи на дискриминација од практиката на Европскиот суд за човекови права и Судот на правдата на Европската унија, е есенцијална алатка која ќе им служи на македонските судии, на самата Комисија за заштита од дискрминација, на сите адвокати и практикувачи на правото, студенти, но и на самите жртви од дискриминација.
Дискриминација во огласите за вработување, истражувачки извештај
Publishing date: 1 ноември 2013
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото, Толеранција и недискриминација
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Во овој истражувачки извештај се содржани резултати од истражувањето на дискриминацијата во огласите за вработување. Реализирано е на примерок од 988 огласи објавени во четири дневни весници и еден веб-портал во периодот од 15 април до 15 септември 2013 година. Ова истражување е прво од ваков вид во државата и има неколку придобивки.
Водич за улогата на Комисијата за заштита од дискриминација во судска постапка и преминување на товарот на докажување
Publishing date: 1 ноември 2013
Content type: Водич / Прирачник
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото, Толеранција и недискриминација
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Водичот го појаснува значењето, опсегот, отворените прашања и дискусиите за улогата на Комисијата за заштита од дискриминација што може да ја има во судската постапка и истиот дава примери од практиката на Судот на правдата на Европската унија и Европскиот суд за човекови права, а со цел да им помогне на правните практичари во разбирањето и применувањето на истите.
Пресуди и одлуки во врска со говорот на омраза од судската пракса на Европскиот суд за човекови права
Publishing date: 1 ноември 2012
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Публикацијата вклучува компилација на одлуки и пресуди издадени од Европскиот суд за човекови права во врска со случаите на говор на омраза.
Збирка на прописи
Publishing date: 8 февруари 2012
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Демократизација, Владеење на правото, Толеранција и недискриминација
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Корицата на книгата Гарантирање на правото на правен советник издадена од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Народен правобранител како Национален превентивен механизам
Publishing date: 8 февруари 2012
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Публикацијата содржи компилација на правни норми кои ја регулираат улогата на Народниот правобранител како Национален превентивен механизам.
Прирачник за примена на мерката притвор
Publishing date: 1 април 2009
Content type: Водич / Прирачник
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Прирачникот ја елаборира клучната улога на притвор во кривична постапка и, исто така, нуди насоки за негова успешна имплементација во согласност со домашните и меѓународните правни стандарди и почитување на човековите права.
Дискриминација по основ на етничка припадност, извештај од истражување
Publishing date: 1 декември 2010
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото, Толеранција и недискриминација
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Оваа публикација ја истражува состојбата на дискриминација по основ на етничка припадност. Истражувањето, односно анализата на состојбата, е спроведено во втората половина на 2010 година од МЦМС, на иницијатива од ОБСЕ, а со поддршка и од Секретаријатот за спроведување на Охридскиот рамковен договор (ССОРД).