Publications
Прирачник за промовирање на принципите на демократско управување во советите на единиците на локална самоуправа
Publishing date: 4 март 2019
Content type: Водич / Прирачник
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Демократизација, Добро владеење
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Прирачникот е наменет за промоција и имплементација на принципите на демократско управување во рамките на општинските совети во Северна Македонија. Тој е наменет да промовира концепти на инклузивност, ефикасност, транспарентност и отвореност во работењето на советите на општините.
Анализа на политичкото учество на лицата со попреченост
Publishing date: 29 јануари 2019
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Избори
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Во рамките на портфолиото за Анти-дискриминација, Мисијата на ОБСЕ во Скопје ја изработи Анализата за политичко учество на лицата со попреченост. Анализата го истражува директното влијание на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост (КПЛП) и постојните уставни и законски одредби врз политичкото учество на лицата со попреченост во државата, анализа на состојбите, а исто така дава и предлози и препораки за понатамошна дискусија и преглед од страна на политичката и академската заедница, како и заедницата на лица со попреченост.
Прирачник за безбедност на новинарите за време на настани со висок ризик
Publishing date: 13 ноември 2018
Content type: Водич / Прирачник
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Слобода и развој на медиуми
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Прирачникот има за цел да го премости јазот помеѓу новинарите и властите. Во него има препораки за зголемување на безбедноста на новинарите и информации за најдобрите практики на институциите. Исто така дава препораки за полицијата, јавните обвинители и новинарите кои покриваат настани од критичен карактер.
Прирачник за безбедност на новинарите за време на настани со висок ризик
Publishing date: 8 ноември 2018
Content type: Водич / Прирачник
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Слобода и развој на медиуми
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Прирачникот има за цел да го премости јазот помеѓу новинарите и надлежните. Во него се вклучени препораки за зајакнување на безбедноста на новинарите, најдобрите практики од институциите, како и препораки за полицијата, јавните обвинители и новинарите кои известуваат од настани со висок ризик.
Годишен билтен за анти-дискриминација 2017
Publishing date: 25 јули 2018
Content type: Брошура
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото, Толеранција и недискриминација
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Билтенот е составен од сумирани информации од првостепените судови во однос на случаите на дискриминација и од годишните извештаи на Комисијата за заштита од дискриминација и на Народниот правобранител за 2017. Истиот овозможува податоци за случаите на дискриминација и активностите на државата и граѓанските организации на полето на превенција и заштита од дискриминација, како и препораки до институциите за подобрување на тековната состојба.
Човекови права
Publishing date: 27 јуни 2018
Content type: Книга
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Човекови права, Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Оваа публикација се однесува на граѓанските и политичките права, вклучително и правото на живот и забрана на мачење, право на фер судење, право на еднаквост и забрана на дискриминација, право на слобода на мислење, совест и вера, право на слобода на изразување и право на слобода на собирање и здружување. Целта на публикацијата е да обезбеди помош на правните практичари, судството и научните работници во имплементацијата на овие човекови права и основни слободи и да им овозможи практични алатки за идентификација на повредите на човековите права.
Подобрување на квалитетот на јавниот сектор преку заедничката рамка за проценка (ЦАФ)
Publishing date: 26 февруари 2018
Content type: Водич / Прирачник
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Добро владеење
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Целта на публикацијата е да ја објасни примената на Заедничката рамка за проценка (ЦАФ) како европски инструмент за управување со квалитетот за јавниот сектор во земјата. Публикацијата нуди практични информации за структурата на моделот ЦАФ, придобивките од неговата примена и процесот на спроведување. Илјадници организации во многу земји го применуваат ЦАФ моделот и се докажа дека тој дава резултати, придонесувајќи за модерна, ефикасна и професионална јавна администрација.
Анализа за процена на националните програми и мерки за вработуање на лицата со попреченост
Publishing date: 15 февруари 2018
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Човекови права, Владеење на правото, Толеранција и недискриминација
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Oваа публикација ја проучува ефективноста на националните програми и мерките за вработување на лицата со посебни потреби. Тоа го прави преку детална анализа на правната, политичката, институционалната и инфраструктурната рамка, фокусирајќи се на исходите, ефектите и резултатите на секоја од нив, како и на нивното заедничко влијание. Заклучоците и препораките, во согласност со добиените податоци, како и во согласност со Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост и Директивата на Советот 2000/78 /ЕК за еднаков третман при вработувањето и занимањето, дадоа насоки за идните чекори во насока на зголемување на севкупното вклучување на лицата со попреченост на пазарот на трудот. Публикацијата не е достапна на англиски јазик.
Младинска стратегија на општина Кичево 2017-2022
Publishing date: 24 јануари 2018
Content type: Водич / Прирачник
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Демократизација, Образование , Добро владеење , Млади
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Првата Младинска стратегија на општина Кичево 2017-2022 беше развиена од Младинскиот совет на Кичево со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Стратегијата, која беше едногласно усвоена од страна на Кичевскиот општински совет на 23 ноември 2016 година, е документ за застапување кој има цел да ја утврди стратешката определба на општина Кичево и Младинскиот совет за промоција на младинските прашања.
Двојба во корист на обвинетиот, виновен надвор од разумно двоумење- Компаративно истражување
Publishing date: 25 септември 2017
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Оваа компаративна студија ги надополнува напорите на Мисијата на ОБСЕ во Скопје за поддршка на транзицијата во практикувањето на новиот модел на адверзариски постапки во земјата, во голема мера заснован на слични законски транзиции во земјите низ Европа. Таа се состои од седум различни истражувања за спроведување на принципот in dubio pro reo и стандардот надвор од разумно двоумење во различни судски системи низ историјата и во денешно време.