Publications
Докази и приговори: Домашни и меѓународни стандарди
Publishing date: 4 мај 2017
Content type: Книга
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Публикацијата за доказите и приговорите е комбинација од домашни и меѓународни најдобри практики. Таа е подготвена со цел да ги запознае искусните адвокати, обучени во континенталното право, со основните начела кои се однесуваат на доказите и доказните приговори. Публикацијата, достапна на македонски и англиски јазик, е проширена и со онлајн видео курс, подготвен од истиот автор, достапен на електронската платформа на регионалните адвокатски комори: www.brrln.org. Оваа публикација е испечатена и дистрибуирана од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, како дел од напорите за унапредување на владеењето на правото и за олеснување на постојаната надоградба на страните во кривичната постапка.
Адвокатска етика
Publishing date: 4 мај 2017
Content type: Книга
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Публикацијата за адвокатска етика содржи домашни, компаративни и меѓународни стандарди. Истата е продлабочена со електронски курс од десет реални сценарија на конкретни етички дилеми од адвокатска перспектива. Курсот е достапен на електронската платформа на регионалните адвокатски комори: www.brrln.org. Публикацијата е достапна на англиски и на македонски јазик.
Антидискриминациско право
Publishing date: 17 февруари 2017
Content type: Книга
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Книгата „Антидискриминациско право“ претставува алатка наменета за студентите на правните факултети и стручната јавност, чија цел е да послужи како водич при идентификување на клучните елементи и карактеристики на антидискриминациското право во рамките на меѓународниот и националниот правен систем, како и да овозможи преглед на институционалната инфраструктура за негова заштита. Стекнувањето на вештини и знаења од страна на идните правни практичари за правото на еднаквост и принципот на недискриминација е воедно во фокусот на оваа публикација.
Практична примена на спогодувањето за видот и висината на кривичната санкција во првата година од примената на новиот Закон за кривична постапка. Правна анализа
Publishing date: 21 јули 2016
Content type: Книга
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Анализата претставува заеднички придонес на Здружението на јавните обвинители и Секторот за владеење на правото при Мисијата на ОБСЕ во Скопје кон процесот на воспоставување воедначена казнена политика и пракса во нашиот казнено-правен систем. Истата обработува податоци кои се однесуваат на остварените спогодби на четирите апелациони подрачја Битола, Гостивар, Скопје и Штип, во периодот од 1 декември 2013 година до 31 март 2015 година.
Пресуди во врска со дискриминација од судската пракса на Европскиот суд за човекови права и Судот на правдата на Европската унија
Publishing date: 3 ноември 2015
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Оваа публикација е втора публикација која содржи избрани случаи од праксата на двата суда и претставува природна еволуција во процесот на зајакнување на капацитетите на македонските судии. Имајќи ги предвид 13-те случаи кои беа детално разработени во првата публикација од 2013 година, ефектот кој истата го имаше кај судиите, адвокатите, студентите и другите правни практичари, како и нејзината огромна применливост во пракса, оваа публикација има за цел да го надогради веќе стекнатото знаење и уште повеќе да ја унапреди забраната и заштитата од дискриминација во пракса.
Анализа на политиката на казнување за организиран криминал и корупција
Publishing date: 2 ноември 2015
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Оваа анализа дава преглед на работата на специјализираното одделение на Основниот суд Скопје 1- Скопје кое се занимава со организиран криминал и корупција на целата територија на државата. Анализата се фокусира на работата на специјализираното одделение од 2007 година до почетокот на 2014 година и се стреми да ја евалуира работата на ова специјализирано одделение во поглед на видот на предмети по кои постапува и видот и распределбата на санкциите по овие предмети.
Прирачник за компјутерски криминал
Publishing date: 15 јануари 2014
Content type: Книга
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Фокусот на овој Прирачник е насочен кон повеќе аспекти, а пред сè на феноменологијата на елекронската комуникација и замената на конвенционалниот систем на проследување на податоците со нов, кој на побрз и поефикасен начин овозможува трансфер на голема количина на податоци на големо растојание. Овој Прирачник нема интенција да даде инструкции за постапување чекор по чекор, туку идејата е да се понуди една корисна алатка- водич кој ќе содржи поими кои ќе ја олеснат идентификацијата на средствата со кои се извршува овој вид на криминал, видот на докази кои треба да се обезбедат како и правилниот начин на нивно обезбедување, со што ќе се олесни процесот на докажување. Прирачникот е првенствено наменет за обвинителите, но може да го користат и судиите по кривично право и адвокатите.
Примена на мерката притвор според законот за кривична постапка од 2010 година. Правна анализа
Publishing date: 15 април 2015
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Анализата за практичната примена на мерката притвор и теоретската правна рамка предвидена во Законот за кривичната постапка1 од 2010 година (во понатамошниот текст ЗКП од 2010 година), кој востанови концепциски реформи во домашното кривично процесно право воведувајќи елементи карактеристични за акузаторните системи, е резултат на заедничка соработка помеѓу македонското Здружение за кривично право и криминологија и Секторот за владеење на правото при Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Податоците дадени во Анализата се однесуваат на периодот од првите девет месеци од примената на ЗКП од 2010 година, односно од 1 декември 2013 година до 31 август 2014 година во четири основни судови (Битола, Гостивар, Скопје и Штип).
Меѓународни документи за независно и ефикасно судство
Publishing date: 26 септември 2014
Content type: Книга
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Публикацијата содржи избрани правни мислења од различни земји во светот, коментари и извештаи, вклучувајќи ги и мислењата на Советодавниот совет на европските судии, и на судската пракса на Европскиот суд за човекови права.
Водич за основи за дискриминација
Publishing date: 25 март 2014
Content type: Водич / Прирачник
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото, Толеранција и недискриминација
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Водичот за основи за дискриминација претставува систематизирано и аналитичко разгледување на основите за дискриминација преку преглед на постојните дефиниции (и нивните составни елементи) дадени во меѓународното и домашното право, меѓународната и домашната практика на судовите и телата, како и во академската и сивата литература.