Publications
Сексуална изнуда како дело на корупција: Правен и институционален одговор
Publishing date: 19 април 2022
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Овој аналитички извештај ги прикажува наодите од спроведената компаративна анализа на постоечкото национално законодавство, меѓународната правна рамка и полуструктурираните интервјуа и фокус групи. Препораките во овој извештај се однесуваат на регулирањето на сексуалната изнуда како форма на корупција во Кривичниот законик, Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство. Инкриминацијата на сексуалната изнуда во националното законодавство ќе ја постави Северна Македонија меѓу ретките земји во регионот на ОБСЕ кои законски ги имаат признаено и институционално регулирано родовите форми на корупција, што ќе доведе до намалување на нивното влијание врз жените.
Што е локалната власт и како ја избираме-лесно разбирлив формат
Publishing date: 15 октомври 2021
Content type: Брошура
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Избори, Добро владеење
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Во оваа брошура, прирачникот за гласачите “Што е локална самоуправа и како ја избираме” е претворан во формат лесен за читање, со цел да биде достапен за лицата со потешкотии во учењето и пошироката публика. Брошурата, подготвена од Државната изборна комисија (ДИК) на Република Северна Македонија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, има за цел да го зголеми знаењето на гласачите за локалната самоуправа, телата што се избираат на локалните избори и специфичностите на локалните избори. Прирачникот дава кратки и едноставни информации за улогата и надлежностите на градоначалниците и општинските совети во изборниот процес.
Што е локална самоуправа и како ја избираме- Прирачник за гласачи
Publishing date: 15 октомври 2021
Content type: Водич / Прирачник
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Избори, Добро владеење
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Прирачникот, подготвен од Државната изборна комисија (ДИК) и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, има за цел да го зголеми знаењето на гласачите за локалната самоуправа, органите што се избираат на локалните избори и специфичностите за локалните избори. Прирачникот дава кратки и едноставни информации за улогата и надлежностите на градоначалниците и општинските совети во Северна Македонија, правото да бидат избрани, изборните модели што се користат за избор на градоначалник и општински совет, изборната кампања и финансирањето на локални избори. Дополнително, дава преглед на основните принципи на демократското владеење и можностите за учество на граѓаните во процесот на донесување одлуки на локално ниво.
Информативна брошура за млади гласачи- лесно разбирлив формат
Publishing date: 15 октомври 2021
Content type: Водич / Прирачник
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Избори, Добро владеење , Млади
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Брошурата за млади гласачи ја претставува содржината на Прирачникот за млади гласачи, подготвена од Државната изборна комисија (ДИК) на Република Северна Македонија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во лесен формат за читање. Истиот има за цел да ги презентира информациите поврзани со политичкото и изборното учество на младите во земјата, зошто изборите и гласањето се важни за младите жени и мажи, значењето на инклузивните избори и упатствата за процесот на гласање во формат достапен за лицата со потешкотии во учењето.
Прирачник за млади гласачи- второ издание
Publishing date: 15 октомври 2021
Content type: Водич / Прирачник
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Избори, Добро владеење , Млади
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Прирачникот, подготвен од Државната изборна комисија (ДИК) и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, има за цел да го поттикне политичкото и изборното учество на младите во земјата. Исто така ги објаснува моделите и телата за младинско политичко учество; зошто изборите и гласањето се важни за младите жени и мажи и значењето на инклузивните избори. Публикацијата, исто така, дава инструкции чекор-по-чекор за процесот на гласање. Прирачникот првично беше објавен во 2020 година. Ова е второ издание изменето во согласност со најновите измени на Изборниот законик.
РОДОВАТА ЕДНАКВОСТ Е ВАЖНА! Прирачник за родова еднаквост и зајакнување на жените наменет за пратениците и собранискиот персонал
Publishing date: 15 октомври 2021
Content type: Водич / Прирачник
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Родова еднаквост
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Прирачникот нуди теоретски преглед на меѓународните заложби на Северна Македонија поврзани со родовата еднаквост, изготвување на родово-сензитивно законодавство и собраниски надзор на родовата еднаквост. Дава практични примери за најдобрите практики од земјата и народните собранија ширум светот за вклучување на родот во собраниските операции. Публикацијата е подготвена од Мисијата на ОБСЕ во соработка со собранискиот персонал за поддршка на пратениците во нивната работа насочена кон промовирање и унапредување на родовата еднаквост.
Прирачник за локални младински совети
Publishing date: 28 јуни 2021
Content type: Водич / Прирачник
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Добро владеење , Млади
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Прирачникот за локални младински совети, подготвен во тесно партнерство со Агенцијата за млади и спорт, е практична и вредна алатка и за општинските службеници и за младите во врска со нивниот ангажман во локалните младински совети. Има за цел да го поттикне локалното учество на младите во овие тела во согласност со Законот за младинско учество и младински политики. Прирачникот содржи практични чекори како да се воспостави локален младински совет, улоги и одговорности и за општинските службеници и за членовите на младинскиот совет и за процесот на примопредавање помеѓу раководството во заминување и новото раководство. Подготвен е на македонски јазик и преведен на англиски, албански, турски, српски и ромски јазик.
Употреба на напредни електронски алатки во судството
Publishing date: 25 мај 2021
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Оваа анализа претставува основен документ за планирање на следните чекори во сложениот процес на дигитализација на судовите во Северна Македонија. Дигитализацијата на судовите, меѓу-секторското поврзување и интероперабилноста на судовите со другите правосудни институции и државни органи е во насока на подобрување на судската ефикасност и транспарентност со примена на брз, економичен и квалитетен пристап до правдата. Анализата се состои од четири поглавја: Меѓународни стандарди и споредбени искуства- со фокус на предностите и предизвиците при употребата на електронски платформи и при одржувањето онлајн или хибридни рочишта; Анализа на тековната состојба на употребата на ИКТ алатки во сите судови во Северна Македонија и на постоењето соодветни човечки и технички ресурси; Тековното национално законодавство и неопходните законски измени заради овозможување употреба на нови ИКТ алатки во судското работење и заштита на правата на учесниците во судските постапки; и Препораки за следни чекори во однос на дигитализацијата на судовите.
Прирачник за млади гласачи
Publishing date: 7 април 2021
Content type: Водич / Прирачник
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Демократизација, Избори, Млади
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Прирачникот, подготвен од Државната изборна комисија (ДИК) на Република Северна Македонија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, има за цел да го поттикне политичкото и изборното учество на младите во земјата. Ги објаснува моделите и телата за младинско политичко учество; зошто изборите и гласањето се важни за младите жени и мажи и значењето на инклузивните избори. Публикацијата, исто така, дава чекор по чекор упатства за самиот процес на гласање. Прирачникот е исто така дизајниран да им помогне на ДИК и на младинските организации низ целата земја во нивните програми за обука.
Родови аспекти на корупцијата со осврт на Република Северна Македонија
Publishing date: 10 март 2021
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Демократизација, Добро владеење , Родова еднаквост
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Овој документ, подготвен од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, е прв обид да се дискутираат врските помеѓу корупцијата и родовата нееднаквост, поврзани со ситуацијата во Северна Македонија. Трудот се однесува на националниот контекст и меѓународните / ОБСЕ заложби во областа на демократско управување и спречување на корупција, родово специфичните форми на корупцијата, корелацијата помеѓу застапеноста на жените во политичкиот живот и нивоата на корупција. Овој документ за дискусија претставува пионерски чекор за отворање дебата, издигнување на оваа тема на повисоко ниво на внимание кај креаторите на политиката, граѓанското општество и пошироката јавност кон признавање, документирање и институционализирање на родовите форми на корупција во националното законодавство и, на крајот, да придонесе за намалување на влијанието на корупцијата врз жените.