Publications
Барометар за еднакви можности
Publishing date: 21 ноември 2019
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото, Толеранција и недискриминација
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Истражувањето „Барометар за еднакви можности“, изработена од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, ги опфаќа перцепциите за дискриминација и нееднаквост на севкупната јавност. Исто така, прави компаративна анализа на резултатите од трите истражувања спроведени во 2009, 2013 и 2018 година и дава преглед на правецот и интензитетот на промените на перцепциите, ставовите, познавањата и свеста за дискриминација и нееднаквост во земјата во периодот од 2009 до 2018 година. Во извештајот се испитуваат одговорите на мажите и жените во врска со дискриминацијата по седум основи- род, етничка припадност, религија или верувања, возраст, попреченост, сексуална ориентација и политичка припадност.
Годишен билтен за анти-дискриминација 2018
Publishing date: 15 август 2019
Content type: Брошура
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото, Толеранција и недискриминација
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Билтенот е составен од сумирани информации од првостепените судови во однос на случаите на дискриминација и од годишните извештаи на Комисијата за заштита од дискриминација и на Народниот правобранител за 2018 година. Истиот овозможува податоци за случаите на дискриминација и активностите на државата и граѓанските организации на полето на превенција и заштита од дискриминација, како и препораки до институциите за подобрување на тековната состојба.
Истражување за виктимизацијата поради криминал од омраза, Извештај
Publishing date: 27 јуни 2019
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото, Толеранција и недискриминација
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Овој Извештај ги дава резултатите од истражувањето на виктимизација поради криминал од омраза спроведено во Северна Македонија во месеците јуни и јули 2018 година. Истражувањето, прв од ваков вид во земјата, претставува посеопфатен преглед на виктимизацијата поради криминал од омраза во Северна Македонија и нејзините ефекти отколку што било достапно претходно, како и да се идентификува степенот на непријавување на инцидентите од омраза преку вршење истражување на спектар од различни заедници со мнозински и малцински социјален идентитет врз основа на етничка припадност, религија, сексуална ориентација, попреченост и политички уверувања. Извештајот има за цел да нуди сведоштва за потребата да се разработат делотворни мерки што ќе се одзват на проблемот и ќе се борат против него, ќе ги водат таргетираните политики и стратегија од страна на националните и локалните власти, и ќе ги поддржуваат организациите на граѓанското општество во нивната работа на застапување.
Годишен билтен за анти-дискриминација 2017
Publishing date: 25 јули 2018
Content type: Брошура
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото, Толеранција и недискриминација
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Билтенот е составен од сумирани информации од првостепените судови во однос на случаите на дискриминација и од годишните извештаи на Комисијата за заштита од дискриминација и на Народниот правобранител за 2017. Истиот овозможува податоци за случаите на дискриминација и активностите на државата и граѓанските организации на полето на превенција и заштита од дискриминација, како и препораки до институциите за подобрување на тековната состојба.
Човекови права
Publishing date: 27 јуни 2018
Content type: Книга
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Човекови права, Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Оваа публикација се однесува на граѓанските и политичките права, вклучително и правото на живот и забрана на мачење, право на фер судење, право на еднаквост и забрана на дискриминација, право на слобода на мислење, совест и вера, право на слобода на изразување и право на слобода на собирање и здружување. Целта на публикацијата е да обезбеди помош на правните практичари, судството и научните работници во имплементацијата на овие човекови права и основни слободи и да им овозможи практични алатки за идентификација на повредите на човековите права.
Анализа за процена на националните програми и мерки за вработуање на лицата со попреченост
Publishing date: 15 февруари 2018
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Човекови права, Владеење на правото, Толеранција и недискриминација
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Oваа публикација ја проучува ефективноста на националните програми и мерките за вработување на лицата со посебни потреби. Тоа го прави преку детална анализа на правната, политичката, институционалната и инфраструктурната рамка, фокусирајќи се на исходите, ефектите и резултатите на секоја од нив, како и на нивното заедничко влијание. Заклучоците и препораките, во согласност со добиените податоци, како и во согласност со Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост и Директивата на Советот 2000/78 /ЕК за еднаков третман при вработувањето и занимањето, дадоа насоки за идните чекори во насока на зголемување на севкупното вклучување на лицата со попреченост на пазарот на трудот. Публикацијата не е достапна на англиски јазик.
Двојба во корист на обвинетиот, виновен надвор од разумно двоумење- Компаративно истражување
Publishing date: 25 септември 2017
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Оваа компаративна студија ги надополнува напорите на Мисијата на ОБСЕ во Скопје за поддршка на транзицијата во практикувањето на новиот модел на адверзариски постапки во земјата, во голема мера заснован на слични законски транзиции во земјите низ Европа. Таа се состои од седум различни истражувања за спроведување на принципот in dubio pro reo и стандардот надвор од разумно двоумење во различни судски системи низ историјата и во денешно време.
Користење на actio popularis во случаи на дискриминација
Publishing date: 30 август 2017
Content type: Книга
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Човекови права, Владеење на правото, Толеранција и недискриминација
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Оваа публикација дава осврт и на домашното и на европското законодавство во делот на дозволеноста и употребата на actio popularis механизмот, практиката на Европскиот суд за човекови права и Судот на правдата на Европската унија, како и практиката на земјите од регионот. Публикацијата исто така овозможува увид и во конкретна методологија за користење на actio popularis, заради обезбедување на соодветна насока за тоа во кои случаи и како треба да се користи овој механизам од страна на здруженијата на граѓани.
Значајни пресуди на Европскиот суд за човекови права со коментар: Говор на омраза и кривични дела од омраза
Publishing date: 30 август 2017
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото, Толеранција и недискриминација
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Оваа публикација е посветена на судската практика на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во однос на кривичните дела од омраза и говорот на омраза. Оваа збирка прави анализа на случаи кога во прашање е говор кој поттикнувал омраза со посебен осврт на судската практика на дел од екстремните форми на говор кои биле проблематизирани пред ЕСЧП. Целта на збирката е преку кратки коментари на најинтересните пресуди и одлуки во врска со говорот на омраза и кривичните дела од омраза, да ги појасни стандардите кои Судот ги поставил пред државите членки на Конвенцијата.
Краток водич за обвинители- "Обезбедување докази во електронска форма од меѓународни и домашни интернет сервис провајдери"
Publishing date: 30 август 2017
Content type: Водич / Прирачник
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Динамичниот развој на технолошките алатки неминовно бараат специфична подготвеност на органите на прогонот, особено на јавните обвинители, во предизвиците кои ги наметнува технолошкиот напредок. Обезбедувањето на компјутерски податоци кои би можеле да претставуваат доказ во одредена кривична постапка не е секогаш едноставно. Сепак, на глобално ниво постојат обиди за воспоставување на заеднички стандарди и за олеснување на размената на информации, по пат на подобрени протоколи, помеѓу органите на прогонот низ светот. Овој краток водич, кој е производ од тесната соработка помеѓу Мисијата и Здружението на јавните обвинители, претставува уште еден придонес во таа насока.