Publications
Прирачник за постапување со виртуелни валути во кривични постапки
Publishing date: 15 јули 2022
Content type: Водич / Прирачник
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Сајбер/ИКТ безбедност, Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Овој прирачник, развиен во соработка помеѓу Мисијата на ОБСЕ во Скопје и националната Академија за судии и јавни обвинители, има за цел да ги подобри капацитетите на претставниците на органите за спроведување на законот во Северна Македонија кога работат со виртуелни валути во кривичната постапка преку обезбедување на практични информации за истражителите и обвинителите за откривање, истражување, гонење и заплена на виртуелни валути во кривичната постапка.
Коментар на Законот за управните спорови
Publishing date: 6 јули 2022
Content type: Водич / Прирачник
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Коментарот на Законот за управните спорови, подготвен од националните експерти, служи како водич за судиите од Управниот и од Вишиот управен суд, странките во управната постапка, претставниците на јавните тела и другите правни професионалци кои би сакале да стекнат подлабоко разбирање на правните стандарди воведени со овој закон. Публикацијата дава коментари на одредбите во однос на управните спорови, примери од судската пракса и сеопфатна, стручна и научно поткрепена содржина за примената и толкувањето на одредбите од Законот за управните спорови. Дополнително, ќе помогне во проширувањето на алатките и ресурсите за учење на Академијата за судии и јавни обвинители за сегашните и идните судии и јавни обвинители, правните практичари, законодавците и студентите.
Употреба на напредни електронски алатки во судството
Publishing date: 25 мај 2021
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Оваа анализа претставува основен документ за планирање на следните чекори во сложениот процес на дигитализација на судовите во Северна Македонија. Дигитализацијата на судовите, меѓу-секторското поврзување и интероперабилноста на судовите со другите правосудни институции и државни органи е во насока на подобрување на судската ефикасност и транспарентност со примена на брз, економичен и квалитетен пристап до правдата. Анализата се состои од четири поглавја: Меѓународни стандарди и споредбени искуства- со фокус на предностите и предизвиците при употребата на електронски платформи и при одржувањето онлајн или хибридни рочишта; Анализа на тековната состојба на употребата на ИКТ алатки во сите судови во Северна Македонија и на постоењето соодветни човечки и технички ресурси; Тековното национално законодавство и неопходните законски измени заради овозможување употреба на нови ИКТ алатки во судското работење и заштита на правата на учесниците во судските постапки; и Препораки за следни чекори во однос на дигитализацијата на судовите.
Анализа на влијанијата од КОВИД-САРС-19 на родот и различностите
Publishing date: 5 март 2021
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Родова еднаквост, Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Анализата го истражува мултидимензионалниот пристап и сложеноста на мерките воведени за време на пандемијата врз родот и различностите во Северна Македонија. Првото поглавје дава преглед на родовата анализа на мерките донесени од Владата од перспектива на човековите права, додека втората глава се фокусира на учеството на жените и мажите на пазарот на трудот, насилството врз жените, учеството на жените и мажите при донесување одлуки во одговорот на предизвиците од КОВИД-19, итн. Третото поглавје го претставува и анализира родовиот јаз создаден со одговорот кон КОВИД-19, додека последното поглавје вклучува предлози за мерки што треба да се преземат во периодот по КОВИД-19. Анализата е развиена од Мисијата на ОБСЕ во Скопје во партнерство со Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) и НВО Радар, Полио Плус, Рурална коалиција и Националната мрежа против насилството врз жените и семејно насилство.
Антикорупциско право
Publishing date: 25 февруари 2021
Content type: Книга
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Учебникот по антикорупциско право е првиот универзитетски учебник за студенти по право кои се заинтересирани да посетуваат таква настава на Правниот факултет во Скопје. Тоа е сеопфатна алатка за учење, која ќе овозможи на студентите по право да се стекнат со знаење и вештини поврзани со правните и институционалните аспекти на антикорупцијата. Учебникот се осврнува на концептот и типологијата на корупцијата; концептот, предметот и изворите на антикорупциското право; антикорупциската институционална рамка и, потребата од реформа на антикорупцискиот систем во Република Северна Македонија, вклучувајќи практични примери, статистички анализи и компаративни искуства.
Прирачник за правилна употреба на македонскиот јазик во правната терминологија
Publishing date: 4 февруари 2021
Content type: Водич / Прирачник
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Прирачникот е изготвен од Академијата за судии и јавни обвинители, и поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Публикацијата има за цел да им помогне на кандидатите за судии и јавни обвинители правилно да го користат македонскиот јазик во изготвувањето на правни акти и други документи во рамките на нивната почетна програма за обука. Прирачникот е дизајниран да им помогне на сите судии и јавни обвинители и правни практичари во нивната секојдневна работа.
Избрани сентенци од практиката на Основниот кривичен суд Скопје (2013-2019)
Publishing date: 14 јули 2020
Content type: Книга
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Публикацијата е избор на актуелни правни прашања од областа на законот за кривична постапка, вклучувајќи потврдени, укинати или преиначени одлуки само на Основниот кривичен суд Скопје донесени во периодот од 2013 до 2019 година, односно од отпочнувањето со примена на Законот за кривичната постапка од 2010 година. Целта на публикацијата е да се осврне на некои правни прашања кои се актуелни во секојдневното постапување на судиите на Основниот кривичен суд преку еден поширок пристап кој го вклучува и правното гледиште на второстепениот суд и јуриспруденцијата на ЕСЧП.
Анализа на податоците од набљудуваните судски постапки од областа на организиран криминал и корупција во 2019 година
Publishing date: 9 јули 2020
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Во 2019 година, Мисијата на ОБСЕ во Скопје заедно со Коалицијата 'Сите за правично судење' имплементираше активности на следење судски постапки со фокус на кривични предмети од областа на организираниот криминал и корупцијата. Анализата на податоците добиени од набљудуваните судски постапки дава подлабок увид во примената на Законот за кривична постапка во предметите од организиран криминал и корупција и нуди препораки за идни интервенции и реформи насочени кон зајакување на правосудниот систем во Република Северна Македонија што, пак, би довело до зголемена доверба на јавноста во судството.
Анализа на актуелното системско позиционирање на Академијата за судии и јавни обвинители и нејзината улога во обуката на правосудниот кадар
Publishing date: 25 јуни 2020
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Оваа анализа е поддржана од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, а е изработена во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители со цел да и помогне на Академијата во процесот на правилно планирање и поставување на развојни приоритети. Во оваа анализа на актуелната состојба, придружена со емпириско истражување, се содржани бројни согледувања и препораки кои се надоврзуваат на други досега донесени стратешки документи, истражувања и препораки кои се однесуваат на правосудниот сектор во Северна Македонија и кои имаат допирни точки со работата на Академијата за судии и јавни обвинители.
Водич за соодветно приспособување
Publishing date: 20 февруари 2020
Content type: Водич / Прирачник
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Човекови права, Владеење на правото, Толеранција и недискриминација
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Водичот за соодветно приспособување, изготвен од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, е систематски и аналитички преглед на правниот институт за соодветно приспособување за лицата со попреченост. Публикацијата се заснова на разгледување на постојните дефиниции и правните толкувања утврдени во Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, како и во постојното домашно право, меѓународната и националната судска пракса, на судовите и различните тела за човекови права, но и во академската и сивата литература. Особено се образложени видовите на соодветно приспособување кои се однесуваат на потребите на жените и девојчињата со попреченост.