Publications
Перцепции, ставови и предизвици на младите во Северна Македонија- Истражување за млади и безбедност
Publishing date: 2 септември 2024
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Млади
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Истражувањето за млади и безбедност дава преглед на перцепциите, погледите и ставовите на младите за безбедноста и сигурноста во Северна Македонија, нивното учество во формални и неформални мировни процеси, мировната и безбедносната агенда и прашања поврзани со борба против и спречување насилен екстремизам во Северна Македонија. Истражувањето опфати младинско насилство, сајбер-малтретирање, исклучување и маргинализација на сите нивоа, недостаток на доверба во властите и односите меѓу заедниците во изминатата деценија. Истражувањето има за цел: 1. Процена на перцепциите, ставовите и предизвиците на младите во однос на безбедноста и сигурноста во Република Северна Македонија; 2. Истражување на безбедносните прашања и предизвици со кои се соочуваат младите луѓе во тековниот општествено-политички контекст; 3. Да се испитаат начините на кои младите се погодени од безбедносните политики и како може да се зголеми практиката на значајно младинско учество во безбедносните политики и програми; 4. Истражување на изворите на насилство меѓу младите, потенцијалниот придонес на младите во безбедноста, сигурноста и градењето отпорност во нивните заедници; 5. Истражување на факторите што влијаат на меѓуетничките односи и кохезијата меѓу младите во земјата; 6. Собирање информации што го поддржуваат стратегиското планирање на Мисијата. Целна група на ова истражување беа млади од 15 до 29 години од Република Северна Македонија. Во примерокот беа вклучени вкупно 1 235 испитаници преку телефонската анкета. Дополнително, истражувачкиот тим спроведе пет (5) полуструктурирани интервјуа со засегнатите страни и осум (8) дискусии во фокус-групи во осумте плански региони во градовите Скопје, Битола, Тетово, Свети Николе, Штип, Струмица и Струга со вкупно 63 учесници. Истражувањето беше спроведено во периодот од 27 септември до 10 октомври 2023 година, додека дискусиите во фокус-групите се одржаа од 4 до 26 октомври 2023 година. Истражувањето е достапно на англиски, македонски и албански јазик.
Прирачник за процена на влијанието на регулативата врз родовата еднаквост
Publishing date: 13 февруари 2024
Content type: Водич / Прирачник
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Добро владеење , Родова еднаквост
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Овој прирачник е практична алатка за процена на влијанието на регулативата и политиките во централната и локалната владеење и има за цел да го олесни процесот на инкорпорирање на родовата перспектива во одлучувањето. Прирачникот дава основни информации и практични упатства за тоа како да се оцени влијанието на родовата еднаквост врз политиките и донесените одлуки и регулативи. Методологијата и практичните алатки презентирани во овој прирачник може да се применат и на други ранливи групи во општеството, како што се: лицата со попреченост, малцинските групи итн.
Барометар за еднакви можности- Извештај
Publishing date: 7 декември 2023
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото, Толеранција и недискриминација
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
„Барометар за еднакви можности“ е истражување спонзорирано од ОБСЕ и ЕУ, кое беше спроведено во соработка со Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Македонскиот центар за меѓународна соработка. Ова сеопфатно истражување ги открива клучните наоди кои ги рефлектираат перцепциите и искуствата со дискриминацијата и нееднаквоста во Република Северна Македонија. Спроведено со различна демографија, и споредено со минатите истражувања од 2009, 2013 и 2018 година, тоа ни дава значителен преглед на развојните трендови во оваа област.
Извештај за можни решенија за обезбедување независност и одржливост на Медиумската информативна агенција (МИА)
Publishing date: 5 септември 2023
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Слобода и развој на медиуми
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Овој Извештај содржи оценка на тековниот правен статус, начините на управување и финансирање на Медиумската информативна агенција (МИА), компаративна анализа на регулативата за правниот статус на новинските агенции и препораки за ажурирање на правниот статус на МИА.
Анализа на законот за извршување на санкциите
Publishing date: 20 јули 2023
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Човекови права, Добро владеење , Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Извршувањето на санкциите е последното парче што го затвора целиот процес на пресудување во кривичната постапка. Недостигот на соодветно спроведување на санкциите преку јасна, разбирлива и правична постапка, нецелосната законска рамка, како и неконзистентната практика на судовите во четирите апелациони подрачја во Северна Македонија, придонесува за негативната перцепција на јавноста, особено во случаите од „висок профил“. Мисијата, во соработка со Здружението на судии и Основниот кривичен суд Скопје, изработи Анализа на практичните проблеми на постапката за извршување на санкциите, адресирање на законодавните празнини и обезбедување конкретни законски решенија. Анализата вклучува различни судски практики од апелационите подрачја и препорачува практични пристапи за надминување на одредени предизвици.
Вештачењето во кривична постапка- Прирачник за практичари
Publishing date: 20 јули 2023
Content type: Водич / Прирачник
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Човекови права, Добро владеење , Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Во текот на имплементацијата на актуелниот ЗКП, преку активностите поврзани со набљудувањето на судења и преку разговор со националните практичари, стана очигледно дека една од слабостите кај правните практичари е адекватното користење на вештачењата, вештаците и техничките советници како алатка за претставување на фактите како доказ пред судот и нивното ефективно, ефикасно и финансиски оправдано однесување во согласност со правилата и принципите на националната кривична постапка. Законот за вештачење, како lex specialis, треба да се сфати во контекст на ЗКП и целта на вештаците при судењата од кривичната област. Поради тоа, Мисијата на ОБСЕ во Скопје го поддржа изготвувањето на овој Прирачник за правните практичари, вклучувајќи позитивни и негативни примери од националната судска практика, судската практика на ЕСЧП и дополнителни елаборации на новините во Законот за вештачење.
Водич за преминување на товарот на докажување на Комисијата за спречување и и заштита од дискриминација
Publishing date: 10 јули 2023
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Толеранција и недискриминација
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Публикацијата има за цел да го разјасни процесно-правниот концепт на префрлање на товарот на докажување, неговото значење и опсег, како и сите отворени прашања поврзани со практичната имплементација на постапките пред Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и националниот суд, за да се обезбеди ефективна примена на Законот за спречување и заштита од дискриминација. Исто така, се фокусира на помагање на правните практичари во стекнување знаења и вештини во областа на правото за еднаквост и принципот за недискриминација, оттука пошироко се користени примери од Судот на правдата на Европската унија и Европскиот суд за човекови права, како и споредбените практики од европските земји.
Проценка за работењето на Академијата за судии и јавни обвинители од родова перспектива и од перспектива на различностите
Publishing date: 23 мај 2023
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Публикацијата се состои од внатрешни и надворешни проценки на активностите и структурата на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО). Внатрешната проценка е насочена кон оценување на процесите на донесување одлуки, органите на управување и структурата на вработените. Воедно, вклучена е и проценка на потребите за обука на органите на управување и на вработените во АСЈО, за подигање на нивните знаења за различностите и родовата еднаквост. Анализата на надворешните активности проценува дали различностите и родовата еднаквост се вклучени во целокупната обука што се спроведува во АСЈП, вклучително и во подзаконските акти за почетно и континуирано образование и обука, како и во годишните наставни програми.
Наставен план (Курикулум) за обуки за извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права
Publishing date: 13 февруари 2023
Content type: Книга
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Човекови права, Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Извршувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права претставува значаен и сложен процес кој вклучува голем број на чинители инволвирани во самото извршување или во надзорот над извршувањето, што може да го отежне или забави спроведувањето на мерките или активностите што треба да доведат до ефективно извршување на пресудите. Наставните програми за обука беа развиени во соработка со националната Академија за судии и јавни обвинители (АСЈО). Таа беше специјално подготвена за сегашните и идните судии и јавни обвинители кои посетуваат обука во АСЈО.
Поединечните мерки за извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права како индивидуализација на извршувањето со посебен осврт на повторувањето на постапките
Publishing date: 13 февруари 2023
Content type: Книга
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Човекови права, Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Оваа публикација беше изработена во соработка со националната Академија за судии и јавни обвинители. Ги анализира индивидуалните мерки за извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП). Публикацијата се фокусира на преиспитувањето на случаи или повторното отворање на постапки по пресуда на ЕСЧП според која е утврдена повреда на Европската конвенција за човекови права, како едно од средствата за постигнување на т.н. restitutio in integrum.