Publications
Насоки за примена на начелото за неказнување на жртвата на трговија со луѓе и трговија со дете
Publishing date: 14 април 2020
Content type: Водич / Прирачник
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Combating trafficking in human beings, Човекови права
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Мисијата на ОБСЕ во Скопје ја подготви оваа публикација во соработка со Националната комисија за борба против трговијата со луѓе и нелегалната миграција и Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, со цел да им помогне на сите надлежни органи и субјекти кои постапуваат по дела на трговија со луѓе и трговија со деца правилно да го применуваат начелото на неказнување на жртвите. Насоките се наменети да послужат како практична алатка и водилка во работата на органите за откривање, гонење и пресудување на овие тешки кривични дела, како и на органите и институциите надлежни за превенција, идентификација, помош и поддршка на жртвите и граѓанските здруженија да ги препознаат и утврдат претпоставките за неказнивост на жртвата.
Водич за соодветно приспособување
Publishing date: 20 февруари 2020
Content type: Водич / Прирачник
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Човекови права, Владеење на правото, Толеранција и недискриминација
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Водичот за соодветно приспособување, изготвен од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, е систематски и аналитички преглед на правниот институт за соодветно приспособување за лицата со попреченост. Публикацијата се заснова на разгледување на постојните дефиниции и правните толкувања утврдени во Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, како и во постојното домашно право, меѓународната и националната судска пракса, на судовите и различните тела за човекови права, но и во академската и сивата литература. Особено се образложени видовите на соодветно приспособување кои се однесуваат на потребите на жените и девојчињата со попреченост.
Човекови права
Publishing date: 27 јуни 2018
Content type: Книга
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Човекови права, Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Оваа публикација се однесува на граѓанските и политичките права, вклучително и правото на живот и забрана на мачење, право на фер судење, право на еднаквост и забрана на дискриминација, право на слобода на мислење, совест и вера, право на слобода на изразување и право на слобода на собирање и здружување. Целта на публикацијата е да обезбеди помош на правните практичари, судството и научните работници во имплементацијата на овие човекови права и основни слободи и да им овозможи практични алатки за идентификација на повредите на човековите права.
Анализа за процена на националните програми и мерки за вработуање на лицата со попреченост
Publishing date: 15 февруари 2018
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Човекови права, Владеење на правото, Толеранција и недискриминација
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Oваа публикација ја проучува ефективноста на националните програми и мерките за вработување на лицата со посебни потреби. Тоа го прави преку детална анализа на правната, политичката, институционалната и инфраструктурната рамка, фокусирајќи се на исходите, ефектите и резултатите на секоја од нив, како и на нивното заедничко влијание. Заклучоците и препораките, во согласност со добиените податоци, како и во согласност со Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост и Директивата на Советот 2000/78 /ЕК за еднаков третман при вработувањето и занимањето, дадоа насоки за идните чекори во насока на зголемување на севкупното вклучување на лицата со попреченост на пазарот на трудот. Публикацијата не е достапна на англиски јазик.
Користење на actio popularis во случаи на дискриминација
Publishing date: 30 август 2017
Content type: Книга
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Човекови права, Владеење на правото, Толеранција и недискриминација
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Оваа публикација дава осврт и на домашното и на европското законодавство во делот на дозволеноста и употребата на actio popularis механизмот, практиката на Европскиот суд за човекови права и Судот на правдата на Европската унија, како и практиката на земјите од регионот. Публикацијата исто така овозможува увид и во конкретна методологија за користење на actio popularis, заради обезбедување на соодветна насока за тоа во кои случаи и како треба да се користи овој механизам од страна на здруженијата на граѓани.
Публикација: Слобода на изразување и говор на омраза
Publishing date: 1 декември 2013
Content type: Книга
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Човекови права
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Брошурата е резултат на поддршката која Мисијата на ОБСЕ во Скопје ја даде на Институтот за новинарство, медиуми и комуникации во рамките на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Пред се, таа е намената за новинари, студенти по новинарство, медиуми и нивни уредници како и општата јавност кои ја третираат проблематиката на слободата на изразување, говорот на омраза, клеветата и навредата како и правната рамка во државата.
Народен правобранител како Национален превентивен механизам
Publishing date: 8 февруари 2012
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Публикацијата содржи компилација на правни норми кои ја регулираат улогата на Народниот правобранител како Национален превентивен механизам.