Publications
Барометар за еднакви можности- Извештај
Publishing date: 7 декември 2023
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото, Толеранција и недискриминација
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
„Барометар за еднакви можности“ е истражување спонзорирано од ОБСЕ и ЕУ, кое беше спроведено во соработка со Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Македонскиот центар за меѓународна соработка. Ова сеопфатно истражување ги открива клучните наоди кои ги рефлектираат перцепциите и искуствата со дискриминацијата и нееднаквоста во Република Северна Македонија. Спроведено со различна демографија, и споредено со минатите истражувања од 2009, 2013 и 2018 година, тоа ни дава значителен преглед на развојните трендови во оваа област.
Анализа на законот за извршување на санкциите
Publishing date: 20 јули 2023
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Човекови права, Добро владеење , Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Извршувањето на санкциите е последното парче што го затвора целиот процес на пресудување во кривичната постапка. Недостигот на соодветно спроведување на санкциите преку јасна, разбирлива и правична постапка, нецелосната законска рамка, како и неконзистентната практика на судовите во четирите апелациони подрачја во Северна Македонија, придонесува за негативната перцепција на јавноста, особено во случаите од „висок профил“. Мисијата, во соработка со Здружението на судии и Основниот кривичен суд Скопје, изработи Анализа на практичните проблеми на постапката за извршување на санкциите, адресирање на законодавните празнини и обезбедување конкретни законски решенија. Анализата вклучува различни судски практики од апелационите подрачја и препорачува практични пристапи за надминување на одредени предизвици.
Вештачењето во кривична постапка- Прирачник за практичари
Publishing date: 20 јули 2023
Content type: Водич / Прирачник
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Човекови права, Добро владеење , Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Во текот на имплементацијата на актуелниот ЗКП, преку активностите поврзани со набљудувањето на судења и преку разговор со националните практичари, стана очигледно дека една од слабостите кај правните практичари е адекватното користење на вештачењата, вештаците и техничките советници како алатка за претставување на фактите како доказ пред судот и нивното ефективно, ефикасно и финансиски оправдано однесување во согласност со правилата и принципите на националната кривична постапка. Законот за вештачење, како lex specialis, треба да се сфати во контекст на ЗКП и целта на вештаците при судењата од кривичната област. Поради тоа, Мисијата на ОБСЕ во Скопје го поддржа изготвувањето на овој Прирачник за правните практичари, вклучувајќи позитивни и негативни примери од националната судска практика, судската практика на ЕСЧП и дополнителни елаборации на новините во Законот за вештачење.
Проценка за работењето на Академијата за судии и јавни обвинители од родова перспектива и од перспектива на различностите
Publishing date: 23 мај 2023
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Публикацијата се состои од внатрешни и надворешни проценки на активностите и структурата на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО). Внатрешната проценка е насочена кон оценување на процесите на донесување одлуки, органите на управување и структурата на вработените. Воедно, вклучена е и проценка на потребите за обука на органите на управување и на вработените во АСЈО, за подигање на нивните знаења за различностите и родовата еднаквост. Анализата на надворешните активности проценува дали различностите и родовата еднаквост се вклучени во целокупната обука што се спроведува во АСЈП, вклучително и во подзаконските акти за почетно и континуирано образование и обука, како и во годишните наставни програми.
Наставен план (Курикулум) за обуки за извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права
Publishing date: 13 февруари 2023
Content type: Книга
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Човекови права, Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Извршувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права претставува значаен и сложен процес кој вклучува голем број на чинители инволвирани во самото извршување или во надзорот над извршувањето, што може да го отежне или забави спроведувањето на мерките или активностите што треба да доведат до ефективно извршување на пресудите. Наставните програми за обука беа развиени во соработка со националната Академија за судии и јавни обвинители (АСЈО). Таа беше специјално подготвена за сегашните и идните судии и јавни обвинители кои посетуваат обука во АСЈО.
Поединечните мерки за извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права како индивидуализација на извршувањето со посебен осврт на повторувањето на постапките
Publishing date: 13 февруари 2023
Content type: Книга
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Човекови права, Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Оваа публикација беше изработена во соработка со националната Академија за судии и јавни обвинители. Ги анализира индивидуалните мерки за извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП). Публикацијата се фокусира на преиспитувањето на случаи или повторното отворање на постапки по пресуда на ЕСЧП според која е утврдена повреда на Европската конвенција за човекови права, како едно од средствата за постигнување на т.н. restitutio in integrum.
Пораките од Стразбур за Скопје – Патоказ за општите мерки за извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права во предметите од Северна Македонија
Publishing date: 13 февруари 2023
Content type: Книга
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Човекови права, Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Оваа публикација беше изработена во соработка со националната Академија за судии и јавни обвинители. Публикацијата ги анализира општите мерки за извршување и ја анализира моменталната состојба со извршувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во случаите против Северна Македонија. Исто така ги идентификува промените, кои биле направени или допрва треба да бидат направени како дел од процесот на извршување на тие пресуди, откривајќи ги клучните предизвици во праксата.
Извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права – механизмот при Советот на Европа и националниот институционален контекст
Publishing date: 13 февруари 2023
Content type: Книга
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Човекови права, Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Оваа публикација беше изработена во соработка со националната Академија за судии и јавни обвинители. Публикацијата дава општ преглед на процесот на извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП): ја објаснува улогата на Комитетот на министри при Советот на Европа; ги разработува т.н. општи и поединечни мерки на извршување и ја разгледува националната правна рамка која се однесува на извршувањето на пресудите на ЕСЧП.
Родот и различностите во правосудството, Северна Македонија
Publishing date: 16 ноември 2022
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Родова еднаквост, Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Публикацијата е базична студија која се занимава со размислувањата за родот и различноста во правосудниот систем преку донесување меѓународна перспектива за националното разбирање на улогата на жените во судството и обезбедувајќи релевантни податоци и анализи од перспектива на родот и различноста (етничка припадност, јазик, попреченост, возраст, социјален статус, религија или верување). Студијата ја рефлектира моменталната ситуација во Северна Македонија и нуди препораки кои би послужиле како солидна основа за идни интервенции засновани на факти и одржливи за изградба на поинклузивен правосуден систем во согласност со решенијата за добри практики истакнати од ОБСЕ/ОДИХР.
Анализа на судската практика на Европскиот суд за човекови права во врска со говор на омраза и криминал од омраза
Publishing date: 29 август 2022
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото, Толеранција и недискриминација
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Анализата вклучува детален преглед на судската пракса на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), во однос на говорот на омраза и кривичните дела од омраза. Имајќи ја предвид постојано растечката судска практика на ЕСЧП во оваа област, анализата ги разгледува најзначајните и највлијателните одлуки и неодамнешните значајни пресуди за темите.