Documents library
Анализа на податоците од набљудуваните судски постапки во 2018 година
Publishing date: 26 август 2019
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Во текот на 2018 година, со цел да се поддржи судската и реформата на кривичното право, Мисијата на ОБСЕ во Скопје поддржа мониторинг на судски кривични случаи пред надлежни судови во четирите апелациони региони во државата, кој што го спроведе граѓанската организација Коалиција „Сите за правично судење“, мрежа на 14 граѓански организации. Мониторингот на судските предмети цели кон зголемување на увидот на јавноста во правосудниот сектор преку јакнење на капацитетите за одржлив и систематски мониторинг на судски случаи од граѓански организации и резултираше со оваа анализа која што дава преглед на имплементацијата на Законот за кривична постапка. Анализата исто така дава препораки за идни интервенции и активности насочени кон подобрување на капацитетите на судскиот систем во државата кој за возврат треба да водат кон зголемување на јавната доверба во правосудниот систем.
Втор преоден извештај за активностите и предметите во надлежност на Специјалното јавно обвинителство
Publishing date: 11 јуни 2019
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Специјалното јавно обвинителство (СЈО) беше основано од страна на Собранието на Република Северна Македонија во септември 2015, согласно со договорот поддржан од ЕУ за надминување на политичката криза која што произлезе од скандалот со прислушувањето во 2015. Овој извештај е продолжение на првиот преоден извештај објавен во август 2018, којшто го покрива основањето на Специјалното јавно обвинителство и развојот на случаите од надлежност на СЈО до потврдувањето на обвиненијата. Вториот извештај произлегува од следењето на судските постапки од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и покрива дваесет случаи за кои СЈО поднесе обвиненија во рамки на статутарниот рок до 30 јуни 2017.
Интервју со Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која
Publishing date: 15 октомври 2018
Content type: Интервју
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Во интервју за информативната агенција МИА, Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која, зборува за актуелната политичка ситуација и работата на Мисијата.
КОНФЕРЕНЦИЈА НА ОБСЕ ЗА МЕДИУМИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА ЗАКЛУЧОЦИ И ПРЕПОРАКИ
Publishing date: 15 јуни 2018
Content type: Препорака
What we do: Слобода и развој на медиуми
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
КОНФЕРЕНЦИЈА НА ОБСЕ ЗА МЕДИУМИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА ЗАКЛУЧОЦИ И ПРЕПОРАКИ
Прв преоден извештај за активностите и предметите во надлежност на Специјалното јавно обвинителство
Publishing date: 28 август 2018
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Специјалното јавно обвинителство (СЈО) беше формирано од страна на Собранието, во септември 2015 г., согласно политичкиот договор постигнат со посредство на ЕУ, за надминување на политичката криза што произлезе по скандалот со прислушување во 2015 г. Овој извештај е резултат на следењето на судските постапки од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје за случаите во надлежност на СЈО. Овој преоден извештај првенствено се однесува на 20-те случаи за кои СЈО подигна обвиненија, согласно законскиот рок. Извештајот содржи фактички преглед на обвиненијата во овие предмети и ги анализира релевантните случувања до потврдувањето и самото нивно потврдување, со посебен акцент на мерките на претпазливост и контроверзиите околу допуштеноста на прислушуваните разговори како докази. Извештајот содржи и информации во врска со четири предмети првично гонети од Јавното обвинителство (ЈО), а потоа преземени од СЈО, како и преглед на јавно достапни информации во врска со тековните истраги на СЈО.
Декларација на учесниците на Конференцијата на ОБСЕ за Југоисточна Европа за застрелувањето на новинарката Оливера Лакиќ
Publishing date: 10 мај 2018
Content type: Одлука / Декларација
Where we are: Присуство на ОБСЕ во Албанија, Мисија на ОБСЕ во Босна и Херцеговина, OSCE Representative on Freedom of the Media, Мисија на ОБСЕ во Косово, Мисија на ОБСЕ во Црна Гора, Мисија на ОБСЕ во Србија, Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Слобода и развој на медиуми
Publisher: Organizatës për Siguri dhe Bashkëpunim në Evropë
Декларацијата има за цел да го осуди застрелувањето на истражувачката новинарка Оливера Лакиќ на 8 мај 2018 г. во Црна Гора. Декларацијата беше поддржана од сите учесници на Конференцијата на ОБСЕ за Југоисточна Европа во Струга, 10 мај 2018 г.
Анализа на податоците од набљудуваните судски постапки во 2017 година
Publishing date: 24 мај 2018
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Анализата, подготвена од Коалицијата „Сите за правично судење“ и поддржана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, обезбедува увид во спроведувањето на новите одредби од Законот за кривична постапка. Таа, исто така, нуди и препораки за идните активности и реформи со цел зајакнување на капацитетите на судскиот систем во земјата, што ќе води кон зголемена доверба на јавноста во правниот систем. Коалицијата е мрежа од четиринаесет здруженија на граѓани кои ги следат кривичните постапки пред надлежните судови во сите четири апелациони подрачја во земјата.
Истражувачки извештај: Соодветно приспособување на работното место за лицата со попреченост
Publishing date: 30 август 2017
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Човекови права, Владеење на правото, Толеранција и недискриминација
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Ова истражување им помага на лицата со попреченост да се надмине проблемот кој го имаат со неспроведувањето на соодветно приспособување како и на креаторите на трудовата политика, но и на националните органи и тела кои се задолжени да работат на намалувањето на оваа појава. Овој Истражувачки извештај располага со податоци кои се релевантни за проблемот со соодветното приспособување на работното место за лицата со попреченост, коишто се групирани по различни основи и овозможуваат носење на заклучоци релевантни за Комисијата за заштита од дискриминација.
Анализа на податоците од набљудуваните судски постапки во 2016 година
Publishing date: 8 август 2017
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Во текот на 2016 година, Мисијата на ОБСЕ во Скопје го спроведе проектот „Подобрување на независноста, транспарентноста и ефикасноста на судството преку набљудување на судски постапки“ заедно со Коалицијата „Сите за правично судење“, мрежа од 14 граѓански здруженија кои ги следат кривичните постапки пред надлежните судови во сите четири апелациони подрачја во земјата. Набљудувањето беше посебно насочено кон примената на новиот Закон за кривичната постапка во основните судови и резултираше со приложената анализа која, покрај обезбедувањето увид во спроведувањето на новиот Закон, исто така, нуди и препораки за идните активности и реформи во насока на зајакнување на капацитетите на судскиот систем во земјата, што, пак, ќе доведе до зголемување на довербата на јавноста во правниот систем.
Преглед на децентрализацијата за 2008 година
Publishing date: 4 декември 2008
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Демократизација, Слобода и развој на медиуми
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Публикацијата е подготвена од страна на Одделот за јавна администрација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.