Documents library
Извештај од истражувањето за виктимизацијата поради криминал од омраза
Publishing date: 12 декември 2023
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото, Толеранција и недискриминација
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Извештајот од истражувањето за виктимизацијата поради криминал од омраза ги прикажува резултатите од втората анкета за виктимизација поради криминал од омраза спроведена во Северна Македонија, помеѓу јуни и јули, 2023 година (следствено на првата анкета спроведена во 2018 година). Истражувањето прикажува сеопфатен преглед за распространетоста на криминалот од омраза, заснована на етничка припадност, религија, сексуална ориентација, попреченост и политичко уверување, според перцепциите на жртвите, како што и дава поглед во непријавувањето на криминалот од омраза. Истражувањето доаѓа после четири години од усвојувањето на измените на Кривичниот законик, со кои се воведе „омразата“ како квалификаторен облик на неколку кривични дела. Извештајот има за цел да обезбеди докази кои ќе помогнат во формулирањето ефективни мерки кои одговараат и се борат против овој феномен, ги водат таргетираните политики и стратегии на националните и локалните власти, и даваат поддршка на граѓанските организации во нивното застапување.
Истражувачки извештај: Соодветно приспособување на работното место за лицата со попреченост
Publishing date: 30 август 2017
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Човекови права, Владеење на правото, Толеранција и недискриминација
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Ова истражување им помага на лицата со попреченост да се надмине проблемот кој го имаат со неспроведувањето на соодветно приспособување како и на креаторите на трудовата политика, но и на националните органи и тела кои се задолжени да работат на намалувањето на оваа појава. Овој Истражувачки извештај располага со податоци кои се релевантни за проблемот со соодветното приспособување на работното место за лицата со попреченост, коишто се групирани по различни основи и овозможуваат носење на заклучоци релевантни за Комисијата за заштита од дискриминација.