Вести
News and press releases
Вести и соопштенија за јавноста од глобалните активности на ОБСЕ
Заеднички да изградиме нови мостови!
Publishing date: 29 март 2023
[embed:https://www.youtube.com/watch?v=LO2n4yQcLaw] Министерството за образование и наука и Мисијата на ОБСЕ во Скопје објавија два повици за предлози во рамките на проектот на Мисијата „Градење нови мостови“, кој е дизајниран да ги подобри односите меѓу младите со различно потекло и јазици во текот на училишниот ден и преку заеднички наставни активности. Еден повик е за Фондот за интегрирано образование, кој ќе обезбеди поддршка на државните училишта и општините за промовирање на заеднички наставни активности меѓу децата кои учат на различни јазици. Повикот за предлози во рамките на Фондот за интегрирано образование е достапен на овој линк Вториот повик е за Младинскиот интеркултурен уметнички фонд, кој ќе обезбеди средства за граѓанските организации (ГО) за спроведување на иницијативи засновани на уметност кои промовираат меѓуетнички дијалог, борба против дискриминацијата и поттикнување на социјалната кохезија. Апликацијата за грант за Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд е достапна овде Двете можности за финансирање се дел од напорите на Мисијата да ја зајакне социјалната кохезија преку интегрирано образование и зајакнување на младите под покровителство на донаторите на Мисијата- Кралството Норвешка, Полска и Големото Војводство Луксембург. Проектот се надоврзува на претходната работа на Мисијата за меѓуетничка интеграција во образованието за унапредување на демократијата и социјалната кохезија во земјата, вклучително и оригиналниот фонд за градење мостови, кој поддржа речиси 200 училишта и градинки за организирање заеднички воннаставни активности од кои директна корист имаат повеќе од 35.000 ученици.
Мисијата на ОБСЕ во Скопје склучи партнерство со Државната комисија за спречување на корупција
Publishing date: 6 март 2023
Content type: Соопштенија за јавноста
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
СКОПЈЕ, 6 март 2023 — Во насока на зајакнување на антикорупциските политики и активности во Северна Македонија, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска потпишаа Меморандум за разбирање.
За подобра правда: Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе ја поддржи Академијата за судии и јавни обвинители
Publishing date: 27 февруари 2023
Content type: Соопштенија за јавноста
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Владеење на правото
СКОПЈЕ, 27 февруари 2023 година — Со цел да се подобри квалитетот на правдата, Мисијата на ОБСЕ во Скопје потпиша Меморандум за разбирање со Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО).
Подобро образование за учениците – Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Министерството за образование и наука потпишаа договори за интегрирано образование
Publishing date: 1 февруари 2023
Content type: Соопштенија за јавноста
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Образование
СКОПЈЕ, 1 февруари 2023 – Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал и министерот за образование и наука Јетон Шаќири, денеска потпишаа два договори за подобрување на интегрираното образование за ученици од различни заедници во земјата.
Изјава од Мисијата на ОБСЕ во Скопје за компромитираната Фејсбук страница
Publishing date: 21 јануари 2023
Content type: Изјава за медиуми
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
Официјалната Фејсбук страница на Мисијата на ОБСЕ во Скопје беше неодамна хакирана.
Мисијата на ОБСЕ во Скопје ја промовираше основната студија Родот и различностите во правосудството
Publishing date: 18 ноември 2022
Content type: News
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Родова еднаквост, Владеење на правото
За да помогне во решавањето на прашањата за родовата нееднаквост во правосудниот систем, Мисијата на ОБСЕ во Скопје неодамна ја објави основната студија Родот и различностите во правосудството. „Само транспарентно и инклузивно правосудство може да ја ужива довербата и поддршката од граѓаните, што ќе му овозможи целосно да ја извршува својата функција на заштита на правдата и на човековите права. Правосудниот систем треба да ги одрази потребите на заедницата на која и служи, вклучително и на жените, малцинствата и лицата со попреченост,“ рече заменик-шефот на Мисијата, Џефри Голдстејн на денешната промоција на студијата. „Учеството и еднаквата застапеност на жените во правосудството го зголемува квалитетот на работата на судството, образложението на судските одлуки, заштитата на човековите права на жените и подобри резултатите на правосудниот сектор за сите.“ Во своето обраќање на настанот, претседателката на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Павлина Црвенковска, рече: „Судскиот совет се стреми да ја промовира родовата еднаквост при новите вработувања во судството, со посебен фокус на етничките заедници. Истовремено, мора да гарантираме и остварување на човековите права за сите граѓани, кои се дел од судските постапки со цел да се отстранат дискриминаторските практики.“ Мисијата долго време работи на полето на родовата еднаквост, недискримацијата и реформи во правосудството. Таа придонесува во поставувањето на законската и институционалната инфраструктура на Северна Македонија во оваа област и ѝ помага на владата да го подготви Законот за еднакви можности на жените и мажите.
Мисијата на ОБСЕ во Скопје објави онлајн курс за дигитални техники за истражувачко новинарство
Publishing date: 15 ноември 2022
Content type: News
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
Со цел да го унапреди истражувачкото новинарство и да им помогне на медиумските професионалци да ги усовршат своите дигитални истражувачки вештини, преку потемелно истражување да можат да ги изнесат фактите на виделина, Мисијата на ОБСЕ во Скопје објави курс за е-учење на 15 ноември 2022 година. Овој курс за е-учење нуди комплет алатки за новинари кои истражуваат корупција или други високопрофилни случаи од јавен интерес. Курсот вклучува голем број корисни средства и техники кои ќе им помогнат на истражувачките новинари да најдат повеќе информации на различни онлајн платформи. Курсот ќе им помогне на новинарите да го испланираат истражувањето, да вршат успешно онлајн пребарување преку платформите и да прибираат информации, да спроведуваат успешни интервјуа и да ги комплетираат нивните наоди. Исто така, курсот вклучува повеќе совети од искусни новинари за тоа како да се истражува потемелно. Иако овој курс за е-учење е првенствено дизајниран за истражувачки новинари, особено за оние кои истражуваат случаи на корупција, тој е применлив и за пошироката новинарска публика. Веруваме дека секој што сака подлабоко да навлезе во некоја тема може да има корист од алатките, советите и техниките презентирани во бесплатниот курс за е-учење. Ве покануваме да го погледнете курсот кој е достапен на англиски, македонски и албански јазик.