Вести
News and press releases
Вести и соопштенија за јавноста од глобалните активности на ОБСЕ
Во потрага по оружје: Ја претставуваме првата жена-водач на службено куче
Publishing date: 22 февруари 2024
Content type: News
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Контрола на оружје, Полициско работење
Заедно со нејзината енергична партнерка од единицата К9, 5-месечната Ада од расата белгиски овчар (малиноа), Кристина Шикова до летово ќе излезе на терен да извршува должности за откривање. Кристина поминува обука за да стане водач на службено куче, со што ќе биде првата жена во Северна Македонија на ваква позиција. Иако Ада знае да ги следи командите на Кристина со топче, таа сега учи како да душка автомобили со намера да открива. За само неколку месеци, Ада ќе може да ги извршува нејзините должности на куче-душкач со врвна прецизност, особено при откривањето огнено оружје и муниција. Напорите на Мисијата на ОБСЕ во Скопје за зајакнување на капацитетите за откривање на Единицата за службени кучиња е дел од потфатот за зајакнување на контролата на оружје во Југоисточна Европа. Зајакнувањето на капацитетите за откривање дава значаен придонес кон пошироката цел за подобрување на безбедноста и намалување на пролиферацијата на оружје во регионот. Кристина шест години е дел од полицијата, но сакаше да работи во Единицата за службени кучиња уште од самиот почеток. Кога се отвори работното место, таа веднаш аплицираше. „Сѐ уште имам измешани чувства не ми се верува, возбудена сум, сакам да го работам тоа, пред сѐ ми претставува задоволство и не го гледам како работа“, изјави Кристина за моментот кога ја дозна добрата вест за нејзиното именување во јануари. Нејзината обука вклучува социјализација, послушност, контакт со назначеното службено куче, теоретски и практични делови, како и физички задачи. Кристина очекува да научи многу од работата и има за цел да биде одлична како водач, а потоа да напредува како инструкторка со што активно ќе им помага на новите службеници и ќе им биде пример. Повикувајќи се на нејзините достигнувања, Кристина се залага за зголемена различност во органите на редот и потребата за повеќе жени во полицијата, притоа препознавајќи ја нивната улога во градењето доверба кај заедницата. Таа охрабрува повеќе жени да се пријават за работа во Единицата за службени кучиња бидејќи знае колку од нив ги поседуваат поттик и посветеност потребни за работата. Мисијата активно промовира родова активност преку иницијативи кои ги поддржуваат жените во органите на редот, обезбедувајќи обука и поддршка, и преку застапување за инклузија на жените во полицијата. Од 2018, Мисијата тесно соработува со Министерството за внатрешни работи (МВР) на Северна Македонија со цел да се спроведе родово сензитивно полициско работење преку сеопфатна родова менторска програма. Искуството на Кристина, заедно со нејзината партнерка од единицата К9, Ада, служи како инспирација за жените кои размислуваат за кариера во органите на редот и во Единицата за службени кучиња – кауза која Мисијата на ОБСЕ во Скопје со гордост ја поддржува. За напорите да се подобрат капацитетите за откривање мало и лесно оружје Подобрувањето на капацитетите за откривање спаѓа под проектот на Мисијата од вон-буџетски средства „Поддршка на националните власти на Република Северна Македонија во намалувањето на ризикот од пролиферација и злоупотреба на малото и лесно оружје (МЛО)“. Финансиран од Белгија, ЕУ, Франција, Германија, Норвешка, Словачка и САД, проектот овозможува значителен напредок во однос на подобрувањето на капацитетите за откривање на Единицата за службени кучиња во земјата. Дознајте повеќе за проектот за мало и лесно оружје овде.
Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Министерството за внатрешни работи го отворија реновираниот објект на полициската единица К9
Publishing date: 14 јуни 2023
Content type: Соопштенија за јавноста
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Полициско работење
СКОПЈЕ, 14 јуни 2023 година — Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска во скопски Хиподром, го отвори реновираниот административен објект на Единицата за службени кучиња (К9) на Северна Македонија. Мисијата помогна објектот да се опреми со модерна инфраструктура за ИТ надзор и обезбеди сигурносни системи за контрола на пристап во објектот за складирање оружје за овластен персонал. Овие заложби помагаат да се подобрат работните услови за полициските службеници, што ги прави подобро опремени да одговорат на новите закани и да овозможат ефикасно распоредување на полициските службени кучиња.
Побрза кривична постапка за поефективна борба против криминалот
Publishing date: 30 март 2023
Content type: Соопштенија за јавноста
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Полициско работење, Владеење на правото
Скопје, 30 март 2023 – Мисијата на ОБСЕ во Скопје го помогна потпишувањето на Протокол помеѓу Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи. Протоколот за соработка беше подготвен со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и ќе помогне во зајакнување на соработката помеѓу полицијата и обвинителството во насока на поефективен и ефикасен систем на кривичната правда.
Мисијата на ОБСЕ во Скопје промовира истражување за факторите на стрес кои влијаат врз полициските службенички на работа
Publishing date: 8 март 2022
Content type: News
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Родова еднаквост, Полициско работење
Денеска, на Меѓународниот ден на жената, заедно со Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија и алумни од менторската програма за жени во полиција поддржана од ОБСЕ, Мисијата на ОБСЕ во Скопје организираше дискусија за препознавање и надминување на симптомите на стрес кај жените во полицијата. Истражувањата покажуваат дека полициски службенички се соочуваат со уште поголем стрес од нивните машки колеги поради негативните јавни коментари од граѓаните, постојаната потреба да се докажуваат на работа и потребата да балансираат меѓу обврските како службенички, сопруги и мајки. Помагањето на службеничките да се справат со стресот поврзан со работата е од суштинско значење за да останат во професијата. „Заедно со Министерството за внатрешни работи, ние во Мисијата на ОБСЕ во Скопје работиме да ги поддржиме жените во полиција, да се погрижиме да напредуваат во нивните чинови, да останат во професијата и да придонесуваат за јавниот ред и безбедност. Верувам дека практиките за фер регрутирање, образовните понуди, вклучително и за тоа како да се справиме со стресот, солидните работни услови и дигитализацијата ќе помогнат да се активираат промените, да се привлечат и задржат повеќе жени во полицијата во која доминираат мажи“, рече Шефот на нашата Мисија, амбасадорот Клеменс Која, за време на дебатата. „Општеството оди напред само со еманципирани, економски силни и независни жени и девојки и ние ветуваме дека ќе продолжиме да работиме во оваа насока. Само така, преку заеднички напори и учество во соодветните процеси, ќе го зајакнеме општеството еднакво за сите“, додаде Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи на Северна Македонија. „Ние како прогресивна држава која се стреми кон родова еднаквост континуирано работиме на привлекување повеќе жени во полициската професија. За да постигнеме резултати, продолжуваме да ги елиминираме бариерите што ги спречуваат жените да се приклучат на агенциите за спроведување на законот. Резултатите се веќе видливи, а работата во оваа насока останува еден од врвните приоритети за нас“, заклучи Магдалена Несторовска, државна секретарка во Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија.
Безбедноста на новинарите за време на настани со висок ризик во фокусот на работилницата со новинари и полициски службеници организирана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Министерството за внатрешни работи и Здружението на новинари
Publishing date: 12 јуни 2018
Content type: Соопштенија за јавноста
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Слобода и развој на медиуми, Полициско работење
СКОПЈЕ, 12 јуни 2018- Подобрувањето на безбедноста на новинарите за време на настани со висок ризик, беше во фокусот на работилницата поддржана ОБСЕ, која се одржа денес во Скопје и на која присуствуваа околу 20 новинари и полициски службеници...