Вести
News and press releases
Вести и соопштенија за јавноста од глобалните активности на ОБСЕ
Сеопфатен пристап на целото општество е клучен за борба против насилниот екстремизам и радикализација кои водат кон тероризам, подвлекуваат учесниците во симулациската вежба
Publishing date: 8 ноември 2017
Content type: Соопштенија за јавноста
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Countering terrorism
Скопје, 7 ноември 2017- Сеопфатен пристап за спречување и борба против насилниот екстремизам и радикализација кои водат кон тероризам е во фокусот на симулациската вежба која се одржува во Скопје од 7 до 9 ноември, организирана заеднички од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Амбасадата на САД и Конзорциумот Партнерство за мир, во соработка со Канцеларијата на Националниот комитет за борба против насилниот екстремизам и борба против тероризмот.
ОБСЕ организира симулација за одговорните лица во Скопје за заштита на клучната енергетска инфраструктура од терористички напади со фокус на заканите од сајбер-просторот
Publishing date: 27 март 2017
Content type: News
Where we are: OSCE Secretariat, Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Countering terrorism
Зајакнување на заштитата и подготвеност за терористички напади чија цел се индустриски системи за контрола е во фокусот на симулацијата која се одржува во Скопје на 27 и 28 март, 2017 година. Дваесет и шест експерти од различни државни институции и претставници на приватниот сектор, вклучувајќи оператори, даватели на услуги и сопственици, учествуваат во националната вежба организирана од Одделот за транснационални закани на ОБСЕ, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје...
Претседавачот на ОБСЕ Себастијан Курц гостин на тркалезната маса во Скопје за улогата на младите во борбата против насилниот екстремизам
Publishing date: 13 февруари 2017
Content type: Соопштенија за јавноста
Where we are: OSCE Chairmanship, Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Countering terrorism, Млади
Скопје, 13 февруари 2017 година – Претседавачот на ОБСЕ и австриски министер за надворешни работи Себастијан Курц, министерот за надворешни работи Никола Попоски и шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорката Нина Суомалаинен, како и неформалната советодавна група за млади при Мисијата, разменија мислења за перспективите на младите во борбата против терористичката радикализација и насилниот екстремизам за време на тркалезната маса која се одржа вчера во Скопје...