Ресурси
Модул обука за постапување со жртви на трговија со луѓе

Овој Модул е дизајниран да им помогне на професионалците да го подобрат своето знаење во однос на препознавањето, заштитата и професионалниот пристап кон жртвите на трговија со луѓе. Модулот е поделен на пет сесии, во кои се истражуваат теми како што се: основно разбирање на трговијата со луѓе, правната рамка, процесот на препознавање на жртвите и индикатори за препознавање, процесот на заштита, проценка на потребите, насоки за најдобрите практики за грижа за жртвите на трговија со луѓе, ресоцијализација и реинтеграција и соработка меѓу институциите и организациите за координирана помош и поддршка.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.