Ресурси
Истражување за виктимизацијата поради криминал од омраза, Извештај
Овој Извештај ги дава резултатите од истражувањето на виктимизација поради криминал од омраза спроведено во Северна Македонија во месеците јуни и јули 2018 година.
Истражувањето, прв од ваков вид во земјата, претставува посеопфатен преглед на виктимизацијата поради криминал од омраза во Северна Македонија и нејзините ефекти отколку што било достапно претходно, како и да се идентификува степенот на непријавување на инцидентите од омраза преку вршење истражување на спектар од различни заедници со мнозински и малцински социјален идентитет врз основа на етничка припадност, религија, сексуална ориентација, попреченост и политички уверувања.
Извештајот има за цел да нуди сведоштва за потребата да се разработат делотворни мерки што ќе се одзват на проблемот и ќе се борат против него, ќе ги водат таргетираните политики и стратегија од страна на националните и локалните власти, и ќе ги поддржуваат организациите на граѓанското општество во нивната работа на застапување.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.