Вести
News and press releases
Вести и соопштенија за јавноста од глобалните активности на ОБСЕ
Регионалната конференција „Унапредување на родовата еднаквост во парламентите“ се одржува во Скопје со поддршка на Мисијата на ОБСЕ
Publishing date: 23 јуни 2023
Не се работи само за бројки во однос на родовата еднаквост во собранието. Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килиан Вал, и претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја отворија регионалната конференција „Унапредување на родовата еднаквост во парламентите“ со која се одбележа 20-годишнината на Клубот на пратенички. На конференцијата присуствуваат претставници на Собранија и на теренските операции на ОБСЕ од Југоисточна Европа заедно со претставници на меѓународни организации, невладини организации и независни експерти. Во своето обраќање, амбасадорот Вал ја истакна потребата за вклучување на мажите-пратеници во родовата перспектива и за тоа дека напорите за унапредување на родовата еднаквост треба да се протегаат вон бројките за проценти. „Знаеме од истражувања и студии дека земјите со повисока родова еднаквост се поуспешни. Попросперитетни. Поиновативни. Побезбедни. Државите со повисока родова еднаквост уживаат повисок животен стандард и обезбедуваат подобра иднина за нивните деца. За тоа се работи. ‘За луѓето се работи’, како што знаете тоа е мотото на претседателството на Северна Македонија“, рече амбасадорот Вал. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, изјави: „Потребно е понатамошно промовирање на различностите во работата и законите кои ги носи Собранието. Од исклучително значење е зголемувањето на поддршката на колегите пратеници за прашањата за родот и различностите. Притоа, не мислам само на бројчано зголемување, мислам на квалитативен придонес и конкретна заложба за да имаме вистински модерен и родово сензитивен парламент според дефиницијата на Интерпарламентарна унија.“ „Родовата еднаквост е битен параметар за севкупната демократичност на одредено општество и неговите перформанси во заштитата и промовирање на човековите права во целина. Сето тоа подразбира пред сѐ свест за потребата од поголема вклученост и учество на жената во сите процеси и во секој општествен домен, што резултира со нејзина поголема застапеност во секој сегмент“, рече во своето обраќање заменик-министерката за надворешни работи Фатмире Исаки. Теренските операции на ОБСЕ во регионот традиционално го поддржуваат организирањето регионални конференции на пратенички. Партнерството помеѓу Мисијата и Собранието на Северна Македонија, посебно Клубот на пратенички, резултираше со разни успешни иницијативи во изминатиот период, вклучително и усвојувањето на повеќегодишните Родови акциски планови на Собранието.
Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Министерството за внатрешни работи го отворија реновираниот објект на полициската единица К9
Publishing date: 14 јуни 2023
Content type: Соопштенија за јавноста
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Полициско работење
СКОПЈЕ, 14 јуни 2023 година — Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска во скопски Хиподром, го отвори реновираниот административен објект на Единицата за службени кучиња (К9) на Северна Македонија. Мисијата помогна објектот да се опреми со модерна инфраструктура за ИТ надзор и обезбеди сигурносни системи за контрола на пристап во објектот за складирање оружје за овластен персонал. Овие заложби помагаат да се подобрат работните услови за полициските службеници, што ги прави подобро опремени да одговорат на новите закани и да овозможат ефикасно распоредување на полициските службени кучиња.
Проценката на ризиците од корупција ги истакнува предизвиците, овозможува реформи во правосудниот систем
Publishing date: 13 јуни 2023
Исказите и искуствата од прва рака на судиите и обвинителите се во сржта на Проценката на ризиците од корупција во правосудниот систем подготвена од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата. Оваа проценка, објавена денеска со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, фрла светлина врз ризиците и ранливостите кои го попречуваат спроведувањето на правдата во Северна Македонија. Проценката ги истражува надворешните и внатрешните ризици од корупција кои претставуваат закана за независноста на судството и за автономијата на обвинителството. Публикацијата беше подготвена во соработка со Здружението на судии и Здружението на јавни обвинители, кои помогнаа да обезбедат речиси половина од нивните членови да учествуваат во процесот на проценка. „Преку гласовите на судиите и обвинителите и нивните лични искуства, оваа проценка го предизвикува статус квото. Таа не е само документ – туку е катализатор за промени. Таа е повик за преземање акција, нè повикува да се стремиме кон правосудство кое ги поддржува принципите на правичност, независност и одговорност. Наша колективна должност е да обезбедиме јавните институции да ги заштитат правата на граѓаните и да ги зајакнат столбовите на демократијата и владеењето на правото“, рече шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал на промотивниот настан. „Обвинувањата за корупција се многубројни. Анегдотите за несоодветно влијание во правосудниот сектор се реални и тие се пребројни. Ова не е време за „бизнис како и вообичаено“; ова е време за смели чекори и акција. За најдобро да ги насочиме нашите колективни ресурси, треба да погледнеме што ни кажуваат податоците. Да работиме сите заедно за да се бориме против корупцијата што постои и да ги елиминираме ризиците што таа ги носи во правосудството“, рече Ерик Мејер, заменик-шеф на Мисија во Амбасадата на САД. Билјана Ивановска, претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, рече дека наодите од проценката ќе бидат проследени со конкретни политички препораки кои ќе ги придружуваат клучните стратешки документи на земјата кои се однесуваат на правосудството. Таа ги повика судиите и обвинителите да ги искористат овие наоди за да го подобрат интегритетот на нивните соодветни институции. „Соработката со Мисијата на ОБСЕ во Скопје неколку години наназад, резултира со бројни активности, мноштво креирани документи, истражувања и препораки, за подобрување на состојбите во правосудниот систем. Анализата е дел од оваа соработка и се надевам дека значително ќе придонесе кон имплементација на законските механизми за независно, отчетно и отворено судство, како предуслов за подигање на јавната доверба“, рече судијата Џемали Саити, претседател на Здружението на судии од Северна Македонија. Елвин Вели, претседател на Здружението на јавни обвинители, рече дека личниот интегритет на јавните обвинители претставува најзначајна алатка за отстранување на било какви влијанија во постапувањето. „Сите правосудни институции се меѓусебно поврзани и до ефикасни резултати може да се дојде единствено доколку секој од нас лично се вложи и го даде максимумот за подигнување на стандардите и етичноста во постапувањето“, додаде тој.
Подобро образование за посветла иднина- Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Министерството за образование доделија грантови за училишта и граѓански организации
Publishing date: 8 јуни 2023
Content type: Соопштенија за јавноста
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Образование
СКОПЈЕ, 8 јуни 2023 година — Мисијата на ОБСЕ во Скопје, заедно со Министерството за образование и наука, додели грантови на 14 училишта низ Северна Македонија кои ќе поддржат имплементација на заеднички наставни часови- часови на кои двајца наставници овозможуваат настава на два јазика, како начин за поттикнување на размената меѓу различните етнички заедници.
Побрза кривична постапка за поефективна борба против криминалот
Publishing date: 30 март 2023
Content type: Соопштенија за јавноста
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Полициско работење, Владеење на правото
Скопје, 30 март 2023 – Мисијата на ОБСЕ во Скопје го помогна потпишувањето на Протокол помеѓу Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи. Протоколот за соработка беше подготвен со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и ќе помогне во зајакнување на соработката помеѓу полицијата и обвинителството во насока на поефективен и ефикасен систем на кривичната правда.
Заеднички да изградиме нови мостови!
Publishing date: 29 март 2023
[embed:https://www.youtube.com/watch?v=LO2n4yQcLaw] Министерството за образование и наука и Мисијата на ОБСЕ во Скопје објавија два повици за предлози во рамките на проектот на Мисијата „Градење нови мостови“, кој е дизајниран да ги подобри односите меѓу младите со различно потекло и јазици во текот на училишниот ден и преку заеднички наставни активности. Еден повик е за Фондот за интегрирано образование, кој ќе обезбеди поддршка на државните училишта и општините за промовирање на заеднички наставни активности меѓу децата кои учат на различни јазици. Повикот за предлози во рамките на Фондот за интегрирано образование е достапен на овој линк Вториот повик е за Младинскиот интеркултурен уметнички фонд, кој ќе обезбеди средства за граѓанските организации (ГО) за спроведување на иницијативи засновани на уметност кои промовираат меѓуетнички дијалог, борба против дискриминацијата и поттикнување на социјалната кохезија. Апликацијата за грант за Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд е достапна овде Двете можности за финансирање се дел од напорите на Мисијата да ја зајакне социјалната кохезија преку интегрирано образование и зајакнување на младите под покровителство на донаторите на Мисијата- Кралството Норвешка, Полска и Големото Војводство Луксембург. Проектот се надоврзува на претходната работа на Мисијата за меѓуетничка интеграција во образованието за унапредување на демократијата и социјалната кохезија во земјата, вклучително и оригиналниот фонд за градење мостови, кој поддржа речиси 200 училишта и градинки за организирање заеднички воннаставни активности од кои директна корист имаат повеќе од 35.000 ученици.
Мисијата на ОБСЕ во Скопје склучи партнерство со Државната комисија за спречување на корупција
Publishing date: 6 март 2023
Content type: Соопштенија за јавноста
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
СКОПЈЕ, 6 март 2023 — Во насока на зајакнување на антикорупциските политики и активности во Северна Македонија, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска потпишаа Меморандум за разбирање.